-
Пребарај
Новото лице на фамилијата Q: Audi Q8
Експресивен дизајн, револуционерна техника и уметност на исполнување на сите најголеми побарувања, новото Audi Q8 го обединува сето она за кое се залага оваа марка. Неговиот спортски изглед потсетува на првиот quattro модел и истовремено е јасно насочен кон иднината со новата Singleframe решетка во дизајн со осум краци. Внатрешноста на теренското Coupé има Lounge карактер: пространост, луксуз и врвна поврзаност во мрежа. Интелигентните системи за ракување и технолошки напредната навигација го водат во дигиталната доба, од MMИ touch response сé до говорното управување. Покрај тоа, подвозјето и погонот на сите тркала посредуваат агилна сувереност - кога е потребно исто така и надвор од асфалтираните патишта.
Напомена: Овој модел сé уште не може да се конфигурира.
Врвните карактеристики на Audi Q8
Нов изглед: дизајнот на надворешноста
Со величествената Singleframe решетка во дизајн со осум краци Audi Q8 го претставува новото лице на фамилијата Q. Решетката за ладење која делува моќно, стои исправена и во комбинација со спојлерот кој е извлечен нанапред и големите, маркантно континуирани отвори за воздух го нагласуваат самоуверениот изглед на возилото. Линијата на покривот која елегантно се спушта надолу се надоврзува на благо свитканите D столбови и се потпира на quattro испакнатите делови над куќиштата на тркалата, во кои се сместени големи тркала - со големина до 22 инчи. Континуираната светлосна лента на задниот дел од возилото ја красат црните површини.
Спортско доживување за време на возењето:
возната динамика
Во Audi Q8 во секое време патувате спортски, динамично и ефикасно: неговиот чисто механички средишен диференцијал стандардно ја води силата во размер 40:60 кон предната и задната оска. По потреба голем дел од силата се пренасочува на оската со подобра тракција. Покрај сериското прогресивно управување, чиј пренос е сé подиректен со аголот на управувачот, Audi опционално го нуди управувањето на сите тркала. Тоа може да ги заврти задните тркала до 5 степени - во спротивна насока при ниска брзина за да се зголеми агилноста, а во иста насока за да се зголеми стабилноста при голема брзина. А благодарение на новата делумно хибридна технологија (MHEV) исто така има и посебна ефикасност.
Јасноста е новата премиум категорија: внатрешноста
Влезете и чувствувајте се пријатно. Благодарение на неговата ширина од два метри, Audi Q8 за теренско Coupé нуди великодушно чувство на пространост. Намалениот отмен дизајн, индивидуалните контури на седишта кои се достапни по желба си функција за масажа и вентилација, автоматскиот клима уред со четири зони и Air Quality пакетот за квалитет на воздухот дополнително го нагласуваат елегантниот амбиент.
Паметно поврзано во мрежа
Audi Q8 сериски е опремен со врвниот Infotainment систем ММИ навигација плус. Тој го интегрира Audi connect модулот за пренос на податоци со Standard LTE Advanced и WLAN Hotspot. Онлајн услугите на Audi connect предвидливо го прошируваат планирањето на рута. Иноватнивното говорно управување овозможува голем број на услуги безбедно и брзо да се повикуваат од управувачот. На тој начин Audi Q8 се претвора во интелигентен соговорник.
Амбиентално осветлување
Опционалното осветлување на контурите во темнина ги оцртува маркантните линии на дизајнот во внатрешноста и дава позадинско осветлување на тродимензионалниот ласерски гравиран quattro амблем над фиоката за ракавици - пример за љубовта кон деталите на Audi.
Идентитет: светлото
Кај новото Audi Q8 сериските LED фарови ја осветлуваат улицата, по желба е достапна и HD Matrix LED технологијата. За визуелно осветлување кое може да се добие по желба, уште пред влегувањето во возилото, преку апликацијата myAudi можете да активирате голем број светлосни функции преку компатибилен паметен телефон и на тој начин да ги доживеете однадвор.
Бистрина: светлосната технологија
Во новото Audi Q8 патот го осветлуваат сериските LED фарови. HD Matrix LED фаровите кои се достапни по желба овозможуваат попрецизно осветлување на улицата со поголема резолуција. Возилата кои доаѓаат од спротивната страна и возилата кои возат пред вас се препознаваат во рамките на границите на системот и на тој начин се затемнуваат, така што другите подрачја меѓу нив и покрај нив и понатаму целосно се осветлуваат. Активното и динамично распределување на светлото се постигнува во подрачјето на соборените светла, како и со помош на долгите светла без механички компоненти со вклучување и исклучување на поединечни светлосни сегменти. Тоа не само што го подобрува осветлувањето на патот, туку исто така овозможува поголема безбедност и комфор. Распределбата помеѓу конвенционалните соборени светла и долгото светло скоро и да не постои.
Поголема безбедност
Без разлика дали при паркирање, низ град или на долги патеки - Audi Q8 му помага на неговиот возач во многу ситуации. Кон нив меѓу другото припаѓаат и адаптивниот систем за помош при возење, системот за ефикасност, системот за помош на раскрсници, предупредувањето за промена на коловозна лента, предупредувањето за рабови на тротоари и камерите за околината. Зад сите овие карактеристики стои централниот контролен уред за помош на возачот. Тој перманентно ја пресметува диференцијалната репродукција на околината и на тој начин управува со системите за помош. Податоци за тоа добива - зависно од опремата - најмногу преку пет радарски сензори, шест камери, дванаесет ултразвучни сензори и ласерски скенер. Се предвидува дека на почетокот на 2019-та година на располагање ќе стојат исто така и високо иновативните системи за помош како Audi Remote Park и системот за помош при паркирање во гаража.*
Спој на традиција и иновативност
Последниот поглед на задниот дел на новото Audi Q8 уште еднаш го засилува првиот впечаток: теренското Coupé успева својата присутност да ја одржи ненаметлива со децентното водење на линиите и јасните контури кои истовремено симболизираат квалитет и динамика. Експресивен дизајн со карактеристиките на првиот quattro модел на Audi. Новото Audi Q8.
* Системите за помош односно автоматизираните технологии кои се опишани овде моментално сé уште делумно се во развој и не се достапни кај сериските возила. Во повеќето земји пилотираното/автоматизираното возење моментално не е законски дозволено во јавниот градски сообраќај. Ве молиме обрнете внимание на тоа, дека системите за помош на возачот можат да помагаат само во границите на конкретните системски ограничувања. Одговорноста и потребната внимателност во текот на возењето постојано се во надлежност на возачот.