Q7

Сестран SUV од високата класа

Интелигентни технологии, убедливо возно искуство, моќен дизајн и голем простор за до седум лица – тоа е Audi Q7.

Едноставно ракување со сложените функции

Стандардниот врвен инфо-забавен систем ММИ Навигација plus со ММИ со реакција на допир е вашиот пристап до дигитализиран свет на искуство. Можете да ги контролирате функциите за навигација, удобност и климатизација користејќи ги двата големи дисплеи во боја во областа на средишната конзола. Добивате видливи и звучни повратни информации кога ќе притиснете копче. Системот може да се управува и со помош на интеракција на природен јазик2. Широката опционална понуда на Audi connect3 вклучува корисни услуги како што се: онлајн пребарувањето на точки од интерес, онлајн информации за сообраќајот или деталната сателитска мапа од Google Earth™4.

Пренесувајте ја вашата омилена музика со вградениот Apple Music5

Уживајте во врвното музичко искуство во вашиот автомобил со Apple Music5. Пренесувајте преку 90 милиони песни беспрекорно и без реклами - директно преку вашиот ММИ. Најдете ги вашите омилени песни и откријте уште повеќе музика што ќе ви се допадне. Изберете од трите меѓународни радио станици во живо кои ги водат добро познати водители и пуштаат актуелни хитови, класици и кантри музика. Освен тоа, имате пристап до вашата лична музичка библиотека и можете да пребарувате изведувачи, наслови, албуми и плејлисти.

Amazon Alexa и Amazon Music секогаш со Вас

Со интегрирањето на Amazon Alexa6 или Amazon Music6 во вашиот Audi, сега може и додека се движите да ја користите и популарната услуга за говор односно музика од Amazon. Сосема едноставно, без паметен телефон и без апликација.

Динамично на пат

Со серискиот систем за возна динамика на Audi drive select, можете активно да влијаете на карактеристиките на возилото, вклучувајќи ја опционалната спортска воздушна суспензија што ја регулира висината на возилото. Опционалната стабилизација на тркалата го намалува страничното навалување на каросеријата на Audi Q7, а опционалното управување на сите тркала овозможува полесно управување и поспортски возни карактеристики. Сите мотори стандардно располагаат со Mild-Hybrid технологија, која обезбедува ефикасно возење и со тоа намалена потрошувачка.

Моќен и спортски - надворешноста

За уште поспортски изглед, одлучете се за опционални дизајнерски пакети.

Осветлено

Audi Q7 е сериски опремен со LED фарови. Како опција, можете да изберете и фарови со HD Matrix LED технологија и ласерско светло на Audi. Визуелно, тие ја нагласуваат ширината на Audi Q7 со нивните контури и светлосен потпис. Технички, тие се карактеризираат со прилагодлива распределба на светлината. Со својот долг досег, ласерското светло на Audi го надополнува LED долгото светло во горниот опсег на брзина.

Функционален и погоден за секојдневна употреба

Во опционалниот трет ред на седишта има простор за до седум патници. Меѓутоа, ако сакате повеќе простор за складирање до 1.955 литри, можете да ги преклопите вториот и третиот ред на седишта. Користете практични можности за товарање и растоварување на возилото, на пример, опционалното отклучување на багажниот простор контролирано со сензор, кое ви овозможува да ракувате со капакот на багажникот со движење на стапалото, ако немате слободна рака.

Audi exclusive

Направете го вашиот Audi Q7 инспиративен уникат, исто толку карактеристичен како што сте вие ​​– со Audi exclusive9. Со избрани декоративни елементи, кожа во боја и индивидуална боја од широк спектар на бои. Токму онака, како што сакате.

Возете се во него и нурнете во виртуелен свет.

Седнете одзади, ставете ги VR очилата и уживајте во несекојдневното искуство. Бидејќи Audi ја носи забавата за виртуелна реалност од holoride7 во вашето возило. Оваа иновативна технологија ги поврзува движењата на возење со виртуелните светови. Кога Audi вози низ свиоци, тоа го чувствувате на задното седиште. Но, промената на насоката може да се види и визуелно, на пример со тродимензионалниот вселенски брод прикажан како лета по кривина претставен во очилата.

 

Functions on Demand

Со Functions on Demand, Audi ви нуди уште поголема флексибилност при изборот на опрема. Може да се додадат бројни функции во секое време. Со апликацијата myAudi11, функциите може да се изберат интуитивно и брзо.

Напомена: илустрацијата е од Audi e-tron10.

 

Audi Q7 TFSI e

Потрошувачка на гориво комбинирана1: 2,6–2,7 l/100 km бензин | 21,7–22,6 kWh/100 km електрична енергија

Информации за потрошувачката на гориво и емисиите на CO₂ во опсези во зависност од употребениот комплет гуми/тркала.