Преглед
Q2
На оваа страница
Брз конфигуратор
Комбинирајте различни бои и тркала и искусете го Audi Q2 во интерактивниот 3D приказ.
SUV со агли и рабови
Впечатливо силен по карактерот – дизајнот на предниот и задниот браник и динамичните, ексцентрични линии му го даваат на Audi Q2 моќниот изглед. Благодарение на линиите на опрема advanced и S line, како и новите дизајни на тркалата и надворешните бои, секој Audi Q2 има свој личен изглед.
Подготвен да тргнете
Audi Q2 обезбедува одлична забава при возењето благодарение на моќниот погон и иновативните технологии.
Внатрешност
Внатрешниот простор на возилото со S line за внатрешноста и спортски седишта во Feinnappa кожа во црна боја импресионира со постојаното фокусирање кон спортскиот изглед.
Практично и просторно
Волуменот на багажниот простор изнесува до 1.050 литри откако ќе се спуштат потпирачите на задните седишта. Пакетот за складирање и багажен простор, како и задната врата, која можете дa ја отворате и затворaте електрично, обезбедуваат уште поголема удобност при товарењето и растоварувањето на возилото.
Audi exclusive5
Индивидуално возило кое одговара на вашата личност. Audi exclusive нуди широк спектар опции за дизајн за вашиот Audi Q2, како што е индивидуалниот лак на Audi exclusive во Merlin бисерен ефект.