-
Пребарај
Јасен став! Новиот A6 Limousine.
Кога дизајнот се спојува со ефикасноста, а спортскиот карактер со стилот. Кога иновацијата и прецизноста одат рака под рака, а прогресивната елеганција се гледа во секоја линија. Кога се сплотуваат формата и функцијата и напредокот е над сè. Тогаш, бизнис класата има нов предводник: Audi A6 Limousine. Поатлетски од кога било. Самоуверен како и секогаш.
Audi A6 Limousine галерија
Јасен став.
Во секој поглед.
Од проширената Singleframe решетка на ладилникот, преку страничните отвори за воздух со спортски хромирани рамки, па сè до тесните фарови - предниот дел на A6 Limousine уште на прв поглед одушевува со прогресивноста. Заострената рамена линија со моќните заоблувања над куќиштата на тркалата го нагласува генот на quattro. Надворешните ретровизори се спортски поставени на горните делови на вратите. А кровната линија којашто тече како кај coupé, елегантно завршува во тридимензионално оформениот заден дел со карактеристична алуминиумска рамка.
Визионерска моќ на осветлување. Изразен поглед.
Опционалните HD Matrix LED фарови со динамични трепкачи одушевуваат од два аспекта. Тие на возачот му нудат оптимално осветлување на патот, без притоа да се заслепуваат возилата отспротива, а истовремено овозможуваат A6 Limousine да делува уште пошироко поради нанадвор насочениот фокус на карактеристичните светечки сегменти.
За добро расположение
Опционалниот пакет амбиентални светла за осветлување на контурите креира уникатна атмосфера и во ентериерот на A6 Limousine формира фасцинантни амбиенти во кои одлично ќе се чувствувате. Прецизните снопови светлина ги потенцираат инструментната табла, средишната конзола и другите маркантни дизајнерски структури во 30 различни нијанси на бои и со интензитет што може да се нагоди.
Интелигенција, интелигентно применета
Ја донесовме иднината тука и сега: спој на совршено адаптирани сензори, камери и алгоритми ја препознава и ја оценува возната ситуација во којашто се наоѓате, помагаат доколку тоа го сакате и интервенираат кога нема друг избор. Појдете со нас по патот кон автономното возење за веќе утре тој пат да можете и да го возите.
Секогаш една генерација понапред.
Веќе осум генерации.
Визионерска иновативниот. Дигиталност претворена во реалност. Со модерен концепт на ракување, обемна вмреженост и голема понуда од системи за помош на возачот. За поголема безбедност. Повисок степен на комфор. За нови стандарди во горната класа. Тоа се нашите очекувања. Тоа е нашата страст. Тоа е A6 Limousine од осмата генерација.