-
Пребарај
ОСТАНЕТЕ МИРНИ.
Ви посакуваме срдечно добредојде во кокпитот. Ентериерот на TTS Roadster нуди пријатен контраст во однос на возбудливиот екстериер. Силно контурираните S спортски седишта со опционално нагодливите пернички се приспособуваат на Вашите потреби за комфор. Спортскиот кожен управувач со S контрастен шев Ви ја предава целата контрола.
ИНОВАТИВНА ТЕХНИКА.
Најмодерната висока технологија комбинирана со пуристичката атмосфера на спортски автомобил. Од иновативниот Audi виртуелен кокпит во изглед специфичен за TTS, срцето ќе почне да Ви чука уште побрзо. Влезете внатре и уживајте во затишјето пред бурата. Новиот Audi TTS Roadster е подготвен.
ИНТИМНА АТМОСФЕРА.
Линиите на екстериерот продолжуваат во внатрешноста. Во центарот е возачот, а сите елементи се групирани околу него. На тој начин, ентериерот создава интимна и заштитничка атмосфера.