-
Пребарај
СОЗДАВА ВОЗБУДА.
Зголемете ја брзината и пренесете ја силата на Audi TTS Roadster на патот. Со новиот постојан погон на сите тркала quattro®, специфичен за TT, не само што го поминувате патот, туку и го освојувате. Благодарение на Audi drive select®, во режимот dynamic се поддржува и многу спортскиот начин на возење.
TFSI МОТОРОТ ВО AUDI TTS ROADSTER
Моторот 2.0 TFSI со 228 kW (310 КС) и 380 Nm максимален вртежен момент го забрзува TTS Roadster за 4,9 секунди од 0 на 100 km/h и има максимална брзина од 250 km/h којашто е електронски ограничена. Системите Start‑Stop и Audi drive select се дел од сериската опрема, а во комбинација со нагодливиот систем за звук на моторот, звукот го прават уште позвучен. Опционално е достапен менувач со двојна спојка S tronic, со којшто степените се менуваат за дел од секундата без забележлив прекин во влечната сила.
ПОСТОЈАН ПОГОН НА СИТЕ ТРКАЛА QUATTRO®
За TTS Roadster, серискиот постојан погон на сите тркала quattro® беше целосно одново дизајниран. Со електрохидрауличната ламелеста спојка, погонските моменти оптимално се распределуваат помеѓу предната и задната оска зависно од возењето, карактеристиките на коловозот и типот на возачот. Уживањето и безбедноста при возењето се доведени на едно сосема ново ниво.
S TRONIC® НУДИ ДВОЈНА ЗАШТЕДА: ВРЕМЕ И ЕНЕРГИЈА
Менувачот со двојна спојка S tronic не само што обединува два менувачи во еден, туку ги обединува и спортскиот карактер и ефикасноста. Високиот степен на ефикасност и брзата промена на степените нудат уште поголемо уживање при возењето.