-
Пребарај
ДЕМОНСТРИРА МОЌ.
Доживејте ја експресивноста во максимална форма: новиот TTS Roadster одушевува со подобрениот дизајн, којшто зрачи со чиста моќ. Поврзете се со секој негов милиметар.
РАМЕН И ЗАТЕГНАТ: КАБРИО-ПОКРИВОТ.
Чувствувате ли како Ви се забрзува пулсот? Новиот TTS Roadster е природна сила - без разлика дали кабрио-покривот е затворен или отворен. Со неговиот рамен и затегнат дизајн, кабрио-покривот и визуелно е јасно одвоен од каросеријата. Како дел од сериската опрема, може да се избере една од боите црна, титан-сива и Jive.
МАРКАНТНИ ЛИНИИ.
Особено во задниот и во предниот дел, акцентираните хоризонтални линии ја потенцираат моќната форма на TTS Roadster. Singleframe решетката е широка и ниска. Линиите водат кон фаровите, каде што има две вертикални светечки елементи. Опционално достапните Audi Matrix LED фарови нудат особено прецизно осветлување.