ПОСТОЈАНИОТ ПОГОН НА СИТЕ ТРКАЛА QUATTRO.

За TT Roadster и TTS Roadster постојаниот погон на сите тркала quattro® беше целосно одново развиен. Со електрохидрауличната ламелеста спојка, погонските моменти оптимално се распределуваат помеѓу предната и задната оска зависно од возењето, карактеристиките на коловозот и типот на возачот. Уживањето и безбедноста при возењето се доведени на едно сосема ново ниво.

При спортски начин ан возење, силата засилено се води кон задната оска, на тој начин се вози стабилно особено во кривини. На коловоз со мала стапка на триење, можни се контролирани, безбедни "дрифтови".

За прв пат, постојаниот погон на сите тркала е поврзан и со системот за динамично возење Audi drive select. Со тоа, возачот може да избере помеѓу пет возни режими: comfort, auto, dynamic, efficiency и individual. Освен тоа, Audi drive select е поврзан со неколку опционално достапни технички опреми, на пр. со Audi magnetic ride (сериски во TTS Roadster) и S tronic со шест степени.

Контролниот уред постојано ги следи карактеристиките на возењето и состојбата на патот. Зависно од возниот режим, TT Roadster и TTS Roadster возат комфорно, избалансирано или енергично. Во режимот dynamic, моторот ја развива целата негова сила: со намерно стабилизирање на поединечните тркала при брзо возење во кривини, возилото се прилепува за патот; нишањето значително се потиснува, а управувањето е уште поспонтано.

За TT Roadster, погонот на сите тркала е опционално достапен со моторот 2.0 TFSI, кај TTS Roadster, тој е дел од сериската опрема.

 

ВРЕДНОСТИ ЗА ПОТРОШУВАЧКА И ЕМИСИЈА НА ШТЕТНИ ГАСОВИ

Audi TT Roadster:
Комбинирана потрошувачка на гориво: 6,7-4,3 l/100 km
Комбинирана емисија на CO2: 154-114 g/km

 

Audi TTS Roadster
Комбинирана потрошувачка на гориво:  7,3-6,9 l/100 km
Комбинирана емисија на CO2: 169-159 g/km

Затвори
  • A1
  • A3
  • A4
  • A5
  • A6
  • A7
  • A8
  • Q2
  • Q3
  • Q5
  • Q7
  • Q8
  • TT