AUDI MAGNETIC RIDE

Вашиот Audi се приспособува на Вашиот начин на возење - а не обратно. Audi magnetic ride во делови од секундата преку електронски регулирано магнетно поле автоматски ја приспособува цврстината на амортизерите на конкретната возна ситуација.

Притоа возачот може сам да избере дали претпочита комфорно или спортско основно нагодување. Audi magnetic ride се управува преку Audi drive select® што исто така е дел од конфигурацијата. Резултатот е нов и впечатлив комфор при возењето. Основното нагодување може индивидуално да се постави преку трите режими "auto", "comfort" и "dynamic".

 

РАЗЛИЧНИ РЕЖИМИ

Во режимот "comfort", возачот ужива во значително покомфорно и поизбалансирано нагодување на подвозјето, што овозможува релаксирано возење особено на долги патеки. Освен тоа, амортизерите овозможуваат убедлива возна стабилност и безбедност, особено при лоши услови на патиштата.

 

Во режимот "dynamic", подвозјето на возачот му дава поголема агилност со директната реакција од патот. Возилото реагира уште поагилно и овозможува уште подинамично возење при забрзување, сопирање и при брзо преминување кривини.

 

Во режимот "auto", системот за регулирање секогаш самостојно го избира нагодувањето на амортизерите, приспособено на моменталниот стил на возење и овозможувајќи пријатно чувство при возењето.

Затвори
  • A1
  • A3
  • A4
  • A5
  • A6
  • A7
  • A8
  • Q2
  • Q3
  • Q5
  • Q7
  • Q8
  • TT