-
Пребарај
ЈАСНИ, ПУРИСТИЧКИ ЛИНИИ.
Опремите во ентериерот на новиот Audi TTS Coupé гарантираат особено спортски и впечатлив изглед. Така на пример, посебни акценти даваат индивидуално изборните бои на токите на S спортските седишта, рабовите на средишната конзола и прстените на отворите за воздух. За останатото може да се изберат три различни бои за внатрешниот простор.
Audi виртуелниот кокпит
Најмодерна висока технологија. За прв пат презентирана во новиот Audi TT. Инструментната табла во форма на LCD екран со висока резолуција го информира возачот онака како што тој сака: со класични кружни инструменти или со футуристички прикази на цел екран. Ориентиран кон возачот. Иновативен. Промената на контекстот може брзо и на едноставен начин да се изврши преку повеќефункцискиот управувач. Јасен знак за технолошките достигнувања во новиот Audi TTS.
ЕКСКЛУЗИВЕН И КОМФОРЕН.
Влезете и уживајте: новоразвиените и опционално достапните S спортски седишта со пернички со изразени контури и со можност за пневматско нагодување гарантираат максимален комфор при седењето. Тие на телото му нудат извонреден комфор со одлична прилепеност. Навлаките на седиштата со различни квалитетни текстилни материјали и кожа го потенцираат факторот уживање. Штепувањето на средишниот дел го потенцира маркантниот изглед на овој спортски автомобил.
СПОРТСКИ ИЗГЛЕД.
Посебно истакната карактеристика е крилото на контролната табла во Audi TTS Coupé. За него, за прв пат е развиена иновативната техничка ласерска текстура, којашто се карактеризира со сакевидната, лесно поткрената структура. За спортски изглед, којшто ќе Ве освои на прв поглед.