-
Пребарај
ЗЕМЕТЕ ЗАЛЕТ
Заземи позиција, подготви се, тргни. TTS Coupé го диктира темпото. Без разлика дали се работи за права патека или за кривини, моторот 2.0 TFSI ветува бескомпромисен спортски карактер. Распределбата на силата се регулира од страна на новиот постојан погон на сите тркала. За уште поголема стабилност при возењето и подобро поминување низ кривините, коишто се резервирани за вистинските спортски автомобили.
МОТОРОТ TFSI ВО AUDI TTS COUPÉ
2.0 TFSI го забрзува Audi TTS Coupé со неговите 228 kW (310 КС) за само 4,6 секунди од 0 на 100 km/h и постигнува максимална брзина од 250 km/h. При вртежен момент од 380 Nm, клапни во системот за издувни гасови што може да се вклучат и исклучат го модулираат спортскиот звук и истиот го прават уште посилен. Опционалниот менувач со двојна спојка S tronic овозможува брзо менување на степените без забележлив прекин во влечната сила.
ПОСТОЈАН ПОГОН НА СИТЕ ТРКАЛА QUATTRO
За TTS Coupé целосно одново беше развиен серискиот постојан погон на сите тркала quattro. Со халдекс спојката ориентирана кон задниот дел, погонските моменти оптимално се распределуваат помеѓу предната и задната оска зависно од возењето, карактеристиките на патот и типот на возачот. Уживањето при возењето и безбедноста се кренати на едно сосема ново ниво.
S TRONIC® НУДИ ДВОЈНА ЗАШТЕДА: ВРЕМЕ И ЕНЕРГИЈА
Менувачот со двојна спојка S tronic не само што обединува два менувачи во еден, туку ги спојува спортскиот дух и ефикасноста. Високиот степен на ефикасност и брзото менување степени овозможуваат уште поголемо уживање при возењето.