-
Пребарај
ПОСПОРТСКИ. БЕСКОМПРОМИСЕН. AUDI TTS COUPÉ.
Audi TTS Coupé има гени на спортски автомобил. Динамичното возење може уште полесно да се контролира - благодарение на новиот постојан погон на сите тркала quattro. Дизајнот е индивидуализиран со елементи специфични за S моделите и со тоа станува уникатен. Иновативните технологии кај погонот, како и новите концепти за ракување и прикажување, помеѓу кои и Audi виртуелниот кокпит, се одлики на новиот Coupé.
AUDI MATRIX LED ФАРОВИ
Оптимирано осветлување и воодушевувачки дизајн: Audi Matrix LED фаровите се комбинација од систем на камери со LED извори на светлина, коишто коловозот го осветлуваат со светлина слична на дневната, приспособено на конкретната возна ситуација.
МУЗИЧКИ СИСТЕМ BANG & OLUFSEN SOUND SYSTEM
Bang & Olufsen Sound System поставува оптички и акустични акценти. Тој е совршено интегриран во спортскиот дизајн на возилото и секој звук го претвора во неспоредливо доживување. Гозба за сите сетила - на секое возење.
НАВИГАЦИСКИ СИСТЕМ MMI® NAVIGATION PLUS СО MMI® TOUCH
MMI® Navigation plus впечатливо ја прикажува иновативната моќ на новата генерација на ММИ и покажува што значи напредокот во техниката на полето на Infotainment: најголем избор функции, највисок степен на комфор при ракувањето и многу дополнителни предности за клиентите.
СИСТЕМ ЗА ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ
Со овој систем за помош комфорно навигирате во местата за паркирање: со ултразвучни сензори тој бара соодветни паркинг места долж коловозот, за надолжните и попречните паркинг места ја бара идеалната патека на движење и го завршува процесот на управување скоро автоматски.