ПОСТОЈАНИОТ ПОГОН НА СИТЕ ТРКАЛА QUATTRO.

За новите TT Coupé и TTS Coupé, постојаниот погон на сите тркала quattro® беше целосно одново развиен. Со електрохидрауличната ламелеста спојка, погонските моменти оптимално се распределуваат помеѓу предната и задната оска зависно од возењето, карактеристиките на коловозот и типот на возачот. Уживањето и безбедноста при возењето се доведени на едно сосема ново ниво.

При спортски начин ан возење, силата засилено се води кон задната оска, на тој начин се вози стабилно особено во кривини. На коловоз со мала стапка на триење, можни се контролирани, безбедни "дрифтови".

 

За прв пат, постојаниот погон на сите тркала е поврзан и со системот за динамично возење Audi drive select. Со тоа, возачот може да избере помеѓу пет возни режими: comfort, auto, dynamic, efficiency и individual. Освен тоа, Audi drive select е поврзан со неколку опционално достапни технички опреми, на пр. со Audi magnetic ride (сериски во TTS Coupé) и S tronic со шест степени.

 

Контролниот уред постојано ги следи карактеристиките на возењето и состојбата на патот. Зависно од возниот режим, TT Coupé и TTS Coupé возат комфорно, избалансирано или енергично. Во режимот dynamic, моторот ја развива целата негова сила: со намерно стабилизирање на поединечните тркала при брзо возење во кривини, возилото се прилепува за патот; нишањето значително се потиснува, а управувањето е уште поспонтано.

 

За TT Coupé, погонот на сите тркала е опционално достапен за моторот 2.0 TFSI, за TTS Coupé тој е дел од сериската опрема.

 

ВРЕДНОСТИ ЗА ПОТРОШУВАЧКА И ЕМИСИЈА НА ШТЕТНИ ГАСОВИ

Audi TT Coupé:
Комбинирана потрошувачка на гориво: 6,4-4,2 l/100 km
Комбинирана емисија на CO2: 149-110 g/km

 

Audi TTS Coupé
Комбинирана потрошувачка на гориво: 7,3-7,1 l/100 km
Комбинирана емисија на CO2: 169-164 g/km

Затвори
  • A1
  • A3
  • A4
  • A5
  • A6
  • A7
  • A8
  • Q2
  • Q3
  • Q5
  • Q7
  • Q8
  • TT