-
Пребарај
ПОСПОРТСКИ. БЕСКОМПРОМИСЕН. AUDI TTS COUPÉ.
Audi TTS Coupé има гени на спортски автомобил. Динамичното возење може уште полесно да се контролира - благодарение на новиот постојан погон на сите тркала quattro. Дизајнот е индивидуализиран со елементи специфични за S моделите и со тоа станува уникатен. Иновативните технологии кај погонот, како и новите концепти за ракување и прикажување, помеѓу кои и Audi виртуелниот кокпит, се одлики на новиот Coupé.
AUDI TTS COUPÉ ГАЛЕРИЈА
УНИКАТЕН И СПОРТСКИ ИСТАКНАТИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ НА TTS COUPÉ
AUDI ВИРТУЕЛЕН КОКПИТ.
Инструментната табла во форма на LCD екран со висока резолуција и димензија од 12,3 инчи го информира возачот онака како што тој сака, со класични кружни инструменти, футуристички прикази на цел екран или во спортски режим, при којшто мерачот на број на вртежи е во преден план. Промената на контекстот може брзо и на едноставен начин да се изврши преку повеќефункцискиот управувач. Јасен знак за технолошките достигнувања во Audi TTS Coupé.
ПОГОН НА СИТЕ ТРКАЛА QUATTRO.
Зголемете ја брзината - со новиот постојан погон на сите тркала quattro специфичен за ТТ моделите. Без разлика каде ќе Ве одведе: Вие ќе го совладате коловозот. Audi drive select во режимот dynamic го помага и многу спортскиот начин на возење. Дозволете си да добиете инспирација за постигнување нови цели.
AUDI MATRIX LED ФАРОВИ
Безбедност, ефикасност, атрактивен дизајн: Audi Matrix LED фаровите го делат LED долгото светло на многубројни мали поединечни диоди кои работат заедно со претходно вклучени леќи или рефлектори. Осветлувањето е постојано со висок степен на прецизност и максимална можна искористеност на светлината без притоа да биде потребен механизам за поместување.
2.0 TFSI МОТОРОТ ВО TTS COUPÉ.
Фасцинантно моќен. Со перформанси коишто ги имаат само вистинските спортски автомобили: 228 kW го забрзуваат за 4,6 секунди од 0 на 100 km/h и тоа навидум без напор. Со максимална брзина од 250 km/h и максимален вртежен момент од 380 Nm, TTS Coupé нуди бескомпромисен спортски карактер.
AUDI MAGNETIC RIDE.
Без разлика како сакате да возите: со серискиот Audi magnetic ride дополнително се подобруваат комфорот и динамиката при возењето преку регулирањето на амортизациските сили зависно од возните услови. Трите индивидуални возни режими - auto, comfort и dynamic - може да се постават преку Audi drive select.