-
Пребарај
НЕ ПРАВЕТЕ КОМПРОМИСИ.
Audi го праќа новиот Audi TT Roadster во трка со два 4-цилиндарски турбо мотори: еден TDI и еден TFSI. Моторот 2.0 TFSI нуди 169 kW (230 КС) и го завршува спринтот од 0 до 100 km/h за 5,6 секунди. Моторот 2.0 TDI ultra одушевува со зголемената моќност при помала потрошувачка: на 100 километри нему му се потребни само 4,3 литри гориво.
2.0 TFSI МОТОРОТ ВО AUDI TT ROADSTER
Од 0 на 100 km/h за 5,6 секунди - 2.0 TFSI во TT Roadster нуди 169 kW (230 КС) и 370 Nm вртежен момент. Со просечна потрошувачка од само 6,2 литри на 100 km, тој се одликува со впечатлива ефикасност. Неговата електронски ограничена максимална брзина изнесува 250 km/h. Сериски во TT Roadster има рачен менувач со шест степени, како и Start-Stop систем. Менувачот S tronic со шест степени, постојаниот погон на сите тркала quattro и Audi drive select се опционално достапни.
2.0 TDI МОТОРОТ ВО AUDI TT ROADSTER
2.0 TDI одушевува со 135 kW (184 КС) и вртежен момент од 380 Nm. Со тоа, тој за 7,3 секунди забрзува од 0 на 100 km/h и достигнува максимална брзина од 237 km/h. Стандардната потрошувачка изнесува само 4,3 литри на 100 km - што соодветствува на емисија на CO2 од 114 g/km - нова најдобра вредност во светот на спортските автомобили. Дволитарскиот дизел мотор го исполнува стандардот Euro-6 и благодарение на неговата висока ефикасност ја носи етикетата "ultra".
QUATTRO - ПОСТОЈАН ПОГОН НА СИТЕ ТРКАЛА
Постојаниот погон на сите тркала quattro го прави динамичното возење уште полесно за контролирање. За таа цел, погонската сила варијабилно се распределува на оските. На тој начин, уживањето во возењето значително се зголемува. Благодарение на специјалното приспособување на попречната динамика, возењето е уште поспортско, а однесувањето на возилото, чијшто правец Вие го одредувате, е подобрено.
S TRONIC® ШТЕДИ ДВОЈНО: ВРЕМЕ И ЕНЕРГИЈА
Менувачот со двојна спојка S tronic не само што спојува два менувачи во еден, туку ги спојува и спортскиот дух и ефикасноста. Високиот степен на ефикасност и брзото менување степени овозможуваат уште поголемо уживање при возењето.