-
Пребарај
ПУРИЗАМ ВО НЕГОВАТА НАЈУБАВА ФОРМА. AUDI TT ROADSTER.
Елеганцијата на еден Roadsters, споена со атлетскиот изглед на еден спортски автомобил. Предниот дел на TT Roadster со неговите потенцирано хоризонтални линии зрачи со сила и енергија. Singleframe решетката на ладилникот е широка и ниска. Audi прстените на капакот од просторот на моторот го потенцираат маркантниот дизајн на овој отворен двосед. И во внатрешниот простор, карактерниот дизајн наидува на безвременската естетика. Во фокусот: иновативниот Audi виртуелен кокпит, којшто е целосно ориентиран кон возачот..
AUDI MATRIX LED ФАРОВИ
Оптимирано осветлување и воодушевувачки дизајн: Audi Matrix LED фаровите се комбинација од систем на камери со LED извори на светлина, коишто коловозот го осветлуваат со светлина слична на дневната, приспособено на конкретната возна ситуација.
СИСТЕМ ЗА ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ
Со овој систем за помош комфорно навигирате во местата за паркирање: со ултразвучни сензори тој бара соодветни паркинг места долж коловозот, за надолжните и попречните паркинг места ја бара идеалната патека на движење и го завршува процесот на управување скоро автоматски.
НАВИГАЦИСКИ СИСТЕМ MMI® NAVIGATION PLUS СО MMI® TOUCH
MMI® Navigation plus впечатливо ја прикажува иновативната моќ на новата генерација на ММИ и покажува што значи напредокот во техниката на полето на Infotainment: најголем избор функции, највисок степен на комфор при ракувањето и многу дополнителни предности за клиентите.
МУЗИЧКИ СИСТЕМ BANG & OLUFSEN SOUND SYSTEM
Bang & Olufsen Sound System поставува оптички и акустични акценти. Тој е совршено интегриран во спортскиот дизајн на возилото и секој звук го претвора во неспоредливо доживување. Гозба за сите сетила - на секое возење.
AUDI PHONE BOX
Добро место за Вашиот мобилен телефон: Audi phone box овозможува комфорно телефонирање за време на возењето. Ракувањето се врши преку контролниот дел на ММИ, преку повеќефункциските копчиња на управувачот или со говорна наредба. Преку USB-приклучок, мобилниот телефон може во секое време да се напојува со струја.