-
Пребарај
КАРАКТЕРЕН ДИЗАЈН.
Новиот TT Roadster на улицата стои спортски компактно и ниско: рамената делуваат атлетски, формата на праговите создава силен раб на светлоста. Особено иновативен и ориентиран кон автомобилските спортови: точењето гориво се врши директно под класичната кружна вратичка од резервоарот на десната страна на возилото.
МОЌЕН ИЗГЛЕД.
Предниот дел на новиот Audi TT Roadster со неговите потенцирано хоризонтални линии зрачи со сила и енергија. Singleframe решетката е ниска и широка. Audi прстените се на капакот од просторот на моторот и го потенцираат спортскиот изглед на овој Roadster. Особено маркантно: графиката на опционално достапните Audi Matrix LED фарови. Футуристички, прогресивни, а сепак безвременски. Покрај тоа, има и новина во палетата на бои на Audi: двете бои нано-сива и танго-црвена.
МАРКАНТЕН ЗАДЕН ДЕЛ.
Особено на задниот дел, хоризонталните линии оставаат впечаток на широк спортски автомобил. Основите на сериските LED задни светла се постојано осветлени. Дифузор ја затвора цевката за издувни гасови. При брзина од 120 km/h, спојлерот електрично излегува од покривот на багажниот простор и овозможува дополнителна цврстина на задната оска.
ЛЕСЕН И ТИВОК: КАБРИО-ПОКРИВОТ.
Рамниот и затегнат кабрио-покрив оптички јасно се разграничува од каросеријата. Тој може електрично да се отвори и затвори и идеално се вклопува во линиите на дизајнот на новиот TT Roadster. Мекиот покрив тежи само 39 килограми, за цели три кила помалку од неговите претходници. Тој сериски доаѓа во црна, титан-сива и Jive боја.