AUDI MATRIX LED ФАРОВИ

Ноќта нека се претвори во ден. Audi Matrix LED фаровите не само што овозможуваат подобро светло, туку и поголема безбедност, висока ефикасност и атрактивен дизајн. Audi Matrix LED фаровите го делат LED долгото светло на многубројни мали поединечни диоди, коишто работат заедно со претходно вклучени леќи или рефлектори.

Со Audi Matrix LED технологијата, диодите поединечно се вклучуваат и исклучуваат односно затемнуваат зависно од конкретната ситуација. Со тоа, тие секогаш овозможуваат високопрецизно осветлување и максимално можна ефикасност при светењето без притоа да биде потребен механизам за поместување.

 Audi Matrix LED технологијата на филм - на пример во Audi TT Coupé

Опционално достапните Audi Matrix LED фарови во новиот TT Roadster одлично го осветлуваат коловозот и тоа без да им попречуваат на другите учесници во сообраќајот. Зависно од ситуацијата, Audi Matrix LED фаровите оптимално ја приспособуваат распределбата на светлото на Вашиот Audi TT Roadster. Штом камерата во TT Roadster забележи возила, Audi Matrix LED фаровите го исклучуваат долгото светло во потребните делови. Системот работи толку прецизно, што возилата отспротива и возилата пред Вас нема да се заслепат, а другите делови помеѓу и околу нив и понатаму ќе бидат целосно осветлени со долгото светло. Штом поминат возилата отспротива, долгото светло повторно свети со целата моќ и во претходно изземените делови. За возачот, постојано има светло, хомогено осветлување.

 

 

Новата технологија на светла ќе Ве воодушеви и преку ден. Некогаш сконцентрирано во точки, некогаш како динамична светечка лента - Audi Matrix LED фаровите одушевуваат со врвниот дизајн и високиот степен на функционалност.

Затвори
  • A1
  • A3
  • A4
  • A5
  • A6
  • A7
  • A8
  • Q2
  • Q3
  • Q5
  • Q7
  • Q8
  • TT