-
Пребарај
ПУРИЗАМ ВО НЕГОВАТА НАЈУБАВА ФОРМА. AUDI TT ROADSTER.
Елеганцијата на еден Roadster, споена со атлетскиот изглед на еден спортски автомобил. Предниот дел на TT Roadster со неговите потенцирано хоризонтални линии зрачи со сила и енергија. Singleframe решетката на ладилникот е широка и ниска. Audi прстените на капакот од просторот на моторот го потенцираат маркантниот дизајн на овој отворен двосед. И во внатрешниот простор дизајнот полн карактер наидува на безвременската естетика. Во фокусот: иновативниот Audi виртуелен кокпит, којшто е целосно ориентиран кон возачот.
AUDI TT ROADSTER МУЛТИМЕДИСКА ГАЛЕРИЈА
СПОРТСКИ И КОМПАКТЕН ИСТАКНАТИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА TT ROADSTER
AUDI ВИРТУЕЛЕН КОКПИТ
Најмодерна висока технологија. Инструментната табла во форма на LCD екран со висока резолуција и димензија од 12,3 инчи го информира возачот онака како што тој сака: со класични кружни инструменти или со футуристички прикази на цел екран. Промената на контекстот може брзо и едноставно да се нагоди преку повеќефункцискиот управувач. Јасен знак за технолошките достигнувања на Audi TT Roadster.
AUDI MAGNETIC RIDE
Комфорно како и со нормално подвозје, поспортско од спортско подвозје: Audi magnetic ride за делови од секундата преку магнетно поле ја приспособува тврдината на амортизерите на конкретната возна ситуација. Притоа Вие можете само да одберете дали претпочитате комфорно или спортско основно поставување.
AUDI MATRIX LED ФАРОВИ
Безбедност, ефикасност, атрактивен дизајн: Audi Matrix LED фаровите го делат LED долгото светло на многубројни мали поединечни диоди кои работат заедно со претходно вклучени леќи или рефлектори. Осветлувањето е постојано со висок степен на прецизност и максимална можна искористеност на светлината без притоа да биде потребен механизам за поместување.
МАКСИМАЛНА ЕФИКАСНОСТ - AUDI TT ROADSTER ULTRA
Доживејте го Audi TT Roadster ultra - возило коешто дава нова дефиниција на ефикасното возење. Вредноста на емисијата на CO2 при комбинирано возење изнесува 114 g/km. Без притоа да мора да се откажете од динамиката типична за Audi. Дволитарскиот дизел мотор создава моќни 135 kW (184 КС) и достигнува максимална брзина од 241 km/h. Спринтот од 0 на 100 km/h тој го постигнува за 7,3 секунди.