-
Пребарај
ЈАСНИ, ПУРИСТИЧКИ ЛИНИИ.
Фокусирана прегледност којашто ги мами погледите. Ентериерот ќе Ве убеди со неговиот пуристички дизајн. Сè е таму каде што треба да биде. Интуитивен, интелигентен, ориентиран кон потребите на возачот. Ентериерот го потенцира карактерот на спортски автомобил на новото Audi TT Coupé.
AUDI ВИРТУЕЛЕН КОКПИТ.
Најмодерна висока технологија. За прв пат во новото Audi TT. Инструментната табла во форма на LCD екран со висока резолуција го информира возачот онака како што тој посакува: со класични кружни инструменти или футуристички прикази со целосна слика. Фокусирано на возачот, иновативно. Контекстот може брзо и едноставно да се измени преку повеќефункцискиот управувач. Јасен знак за технолошките достигнувања на новото Audi TT. Дознајте повеќе за инструментната табла на иднината.
ПОМАЛКУ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ.
Јасните, пуристички линии ги потенцираат и леснотијата и бескомпромисниот спортски дух на ентериерот на Audi TT. Како возило со 2+2 седишта, новото Audi TT е спортско возило коешто е многу практично за секојдневието. Багажниот простор со 305 литри има 13 литри повеќе во споредба со претходниот модел и со спуштање на потпирачите на задните седишта може и да се зголеми.