-
Пребарај
ПОСТАВУВАЊЕ НОВИ МЕРИЛА
Животот и онака е доволно стресен. Од еден термин брзате до следниот. Токму поради тоа, слободното време мора да го поминете што е можно попријатно. Опремите за Вашето TT за таа цел Ви нудат мноштво интелигентни решенија. Висококвалитетните производи се оптимално приспособени за Вашето Audi и Ви нудат уште поголем комфор при секое возење - дури и кога сте на пат кон следниот термин.
AUDI MATRIX LED ФАРОВИ
Оптимирано осветлување и воодушевувачки дизајн: Audi Matrix LED фаровите се комбинација од систем на камери со LED извори на светлина, коишто коловозот го осветлуваат со светлина слична на дневната, приспособено на конкретната возна ситуација.
СИСТЕМ ЗА ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ
Со овој систем за помош комфорно навигирате во местата за паркирање: со ултразвучни сензори тој бара соодветни паркинг места долж коловозот, за надолжните и попречните паркинг места ја бара идеалната патека на движење и процесот на управување го завршува скоро автоматски.
НАВИГАЦИСКИ СИСТЕМ MMI® NAVIGATION PLUS СО MMI® TOUCH
MMI® Navigation plus впечатливо ја прикажува иновативната моќ на новата генерација на ММИ и покажува што значи напредокот во техниката на полето на Infotainment: најголем избор функции, највисок степен на комфор при ракувањето и многу дополнителни предности за клиентите.
МУЗИЧКИ СИСТЕМ BANG & OLUFSEN SOUND SYSTEM
Bang & Olufsen Sound System поставува оптички и акустични акценти. Тој е совршено интегриран во спортскиот дизајн на возилото и секој звук го претвора во неспоредливо доживување. Гозба за сите сетила - на секое возење.
AUDI PHONE BOX
Добро место за Вашиот мобилен телефон: Audi phone box овозможува комфорно телефонирање за време на возењето. Ракувањето се врши преку контролниот дел на ММИ, повеќефункциските копчиња на управувачот или со говорна наредба. Преку USB приклучок мобилниот телефон може во секое време да се напојува со струја.