-
Пребарај
СТИЛ ОБЛИКУВАН ОД ПУРИСТИЧКИ ДИЗАЈН.
Особено маркантно: графиката на опционално достапните Audi Matrix LED фарови. Футуристички, прогресивен и истовремено безвременски и тоа во сите карактеристични детали, како на пример капакот на резервоарот или алуминиумскиот дизајн со видливите завртки. Новото Audi TT Coupé. Ги наследува своите претходници, а сепак е целосно нов.
КАРАКТЕРИСТИЧНИ ДЕТАЛИ.
На предниот дел на новото TT доминираат хоризонталите. Singleframe решетката е многу поширока и пониска отколку кај претходниот модел. Моќна линија ја дели во две зони. Рамните фарови на лицето на новото TT Coupé му даваат енергичен изглед.
МАРКАНТЕН ЗАДЕН ДЕЛ.
Особено во задниот дел, хоризонталните линии го потенцираат впечатокот на спортска ширина. Audi TT Coupé освен тоа располага со две големи кружни цевки за издувни гасови. При брзина од 120 km/h, спојлерот излегува од покривот на багажниот простор.