AUDI ВИРТУЕЛНИОТ КОКПИТ. СКОНЦЕНТРИРАН. ФОКУСИРАН.

Извонредно прегледен. Audi виртуелниот кокпит е целосно дигитална инструментна табла, потполно ориентирана кон возачот. TFT дисплејот со димензија од 12,3 инчи сите информации ги прикажува кристално јасно и контрастно. Брилијантно конципиран и неспоредливо иновативен.

Audi виртуелниот кокпит сите функции на еден централен монитор на ММИ и на конвенционалната инструментна табла ги обединува во еден TFT дисплеј со димензија од 12,3 инчи. Сите функции и услуги се прикажуваат со брилијантни графики со пластичен изглед и детални ефекти. Притоа, возачот може да избере помеѓу два вида на прикази - класичен приказ и режим "Infotainment".

 

Зависно од изборот, се разликува и начинот на прикажувањето. Додека во класичниот приказ доминираат кружните инструменти, како тахометарот и мерачот на број на вртежи, во  режимот "Infotainment" доминантно место имаат дополнителните функции како навигацијата, телефонот, Audi connect или медиумите. Индикаторите за надворешна температура, час, километража, како и предупредувачките симболи и напомените во двата режими имаат фиксно место на долниот раб на кокпитот.

РЕЖИМИ НА ПРИКАЗ НА AUDI ВИРТУЕЛНИОТ КОКПИТ 

ИНТУИТИВНА СТРУКТУРА НА РАКУВАЊЕ

Со копчето "View" на повеќефункцискиот спортски кожен управувач, возачот може да менува помеѓу две површини. Во режимот "Infotainment" преовладува еден централен прозорец каде што има простор за приказ на навигациска мапа или листи од областите телефон, радио и аудио. Мерачот на број на вртежи и тахометарот може да се видат лево и десно во форма на мали кружни инструменти.

ФОКУСИРАН КОН ВОЗАЧОТ

Во класичниот приказ, средишниот прозорец е помал; инструментите со црните скали, црвените стрелки и белите бројки изгледаат отприлика толку големи колку и денешните аналогни прикази. LCD екранот проминентно се вклопува во контролната табла. На оптимална висина во видното поле на возачот.

Покрај досега познатите начини на функционирање, контролниот дел на ММИ е ориентиран кон електрониката на потрошувачите: така, прекинувачот за вртење и притиснување и понатаму  останува главната точка за регулирање, комплексноста на ракувањето сепак е значително намалена. Тоа е така бидејќи компонентите на новиот ММИ се покомпактни и поефикасни од кога било претходно. Тоа се гледа и при говорното управување што направи голем чекор напред кон природното говорно управување.

 Брз, безбеден и целосно дигитален 

 

За да може содржините да се прикажат брзо и точно, Audi е прв производител на автомобили којшто работи со quadcore Tegra 30 чип од серијата Tegra 3 на Nvidia. Графичкиот процесор во секунда генерира 60 рамки и со тоа овозможува иглата на тахометарот и бројачот на вртежи да се прикаже со апсолутна прецизност. Audi виртуелниот копкит може да прикаже најразлични информации, од графикони на системите за помош, преку слики на камерата за возење наназад, па сè до динамични информации за возилото.

Затвори
  • A1
  • A3
  • A4
  • A5
  • A6
  • A7
  • A8
  • Q2
  • Q3
  • Q5
  • Q7
  • Q8
  • TT