-
Пребарај
ИКОНАТА СЕ ВРАЌА НАЗАД. AUDI TT COUPÉ.
Силуета којашто се издвојува. Енергичен во целокупната негова појава. Хоризонтално обликуваниот заден дел на возилото и изразито затегнатите површини одушевуваат со динамиката и моќната естетика. Острите рабови сигнализираат карактерна сила. Новиот дизајн на Singleframe решетката стилски се интегрира во хоризонтално обликуваниот преден дел на возилото. Audi прстени на капакот на просторот на моторот. Иновативните технологии кај погонот, како и концептот на ракување и прикажување, меѓу кои и Audi виртуелниот кокпит, се карактеристики на ова Coupé.
AUDI TT COUPÉ МУЛТИМЕДИСКА ГАЛЕРИЈА
ВПЕЧАТЛИВ И ИНОВАТИВЕН ИСТАКНАТИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА TT COUPÉ
AUDI MATRIX LED ФАРОВИ.
Безбедност, ефикасност, атрактивен дизајн: Audi Matrix LED фаровите го делат LED долгото светло на многубројни мали поединечни диоди кои работат заедно со претходно вклучени леќи или рефлектори. Осветлувањето е постојано со висок степен на прецизност и максимална можна искористеност на светлината без притоа да биде потребен механизам за поместување.
AUDI ВИРТУЕЛЕН КОКПИТ.
Најмодерна висока технологија. Инструментната табла во форма на LCD екран со висока резолуција и димензија од 12,3 инчи го информира возачот онака како што тој посакува: со класични кружни инструменти или футуристички прикази со целосна слика. Контекстот може брзо и едноставно да се промени преку повеќефункцискиот управувач. Јасна знак за технолошките достигнувања на Audi TT.
УШТЕ ПОСПОРТСКИ. УШТЕ ПОДОСЛЕДЕН.
Моторот 2.0 TFSI го забрзува Audi TT заедно со S tronic и постојаниот погон на сите тркала quattro со неговите 169 kW (230 КС) за само 5,3 секунди од 0 на 100 km/h. Со просечна потрошувачка од само 6,8 литри на 100 km, тој се одликува и со впечатлива ефикасност. Неговата електронски ограничена максимална брзина тој ја постигнува со 250 km/h.