-
Пребарај
ИЗВАДОК ОД ОБЕМОТ НА СЕРВИСИРАЊЕ
Безбедност. Задржување на вредноста. Гаранција за мобилност.
Audi е вистинско чудо на техниката. За подолго време да се радувате кога сте на пат, при сервисирањето треба да се потпрете на специјалистите на Audi. Затоа што секој од нив поминува интензивна обука за особеностите на Вашето Audi.
И само овде се употребуваат уреди за тестирање, алатки и оригинални делови кои се создадени исклучиво за Audi. Така при сервисот (проверката) се анализираат сите електронски системи на Вашето возило - како на пример системот за управувањето со моторот и менувачот, ABS, воздушните перничиња итн. Можните дефекти рано се откриваат и можат брзо да се отстранат. Ќе се поштедите себе си од непријатни оштетувања едно по друго. Важен придонес за Вашата безбедност, кој можете да го добиете само во стручните сервиси на Audi.
СТАНДАРДЕН ОБЕМ
При сервис (проверка) меѓу другото се извршуваат и следните зафати за проверка и сервисирање:
* Менување моторно масло, замена на филтер за масло
* Проверка на километража и заштита од замрзнување
* Проверка на осветлувањето и сигналните уреди
* Проверка на поставеноста на фаровите
* Проверка за функционалност на уредот за бришење и миење на стакла
* Проверка на акумулаторот
* Проверка на јачината на дисковите на сопирачките напред и назад
* Проверка на течноста во сопирачките
* Проверка на длабочината на профилот на сите четири тркала и резервното тркало
* Ресетирање на индикаторот за сервисни интервали
* И многу повеќе
Вашиот сервис за Audi со задоволство ќе Ве информира во врска со точниот обем на трошоци за зафатите за проверка и сервисирање на Вашето возило. Овде ќе најдете информација за мобилната гаранција на Audi.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ЗАФАТИ ВО ВРСКА СО ПЕРФОРМАНСОТ НА ВОЗИЛОТО
Меѓу другото потребни се следните дополнителни зафати зависно од километражата односно староста на возилото, како и трошењето на деловите.
* Замена на масло за менувачот
* Замена на свеќички
* Замена на филтер за гориво кај возила со дизел мотор
* Замена на филтер за прашина и полен
* Чистење на отворите а воздух и замена на филтер
* Замена на запчаници
* Замена на течност за сопирачки
* И многу повеќе