-
Пребарај
ОШТЕТУВАЊА ОД УДАРИ СО КАМЕН. ЈАСНА ЗАДАЧА ЗА AUDI.
Оригинално ветробранско стакло на Audi. Без разлика дали Вашето стакло се поправа или заменува - секогаш можете да се потпрете на високиот квалитет на оригиналните делови на Audi. Оригиналните ветробрански стакла на Audi се дел од основните елементи на Вашето Audi. Со оригиналното ветробранско стакло на Audi се овозможува добра усогласеност со системите за помош на возачот преку антените кои се вградени во стаклото, системот за греење како и детекторите на сензорите за дожд и температура.
Неоштетени стакла се важни за безбедноста на возилото и патниците. Само наводно мало оштетување при движење на возилото може да предизвика дополнителни пукнатини во стаклото. Во случај на незгода помага воздушното перниче за совозачот на ветробранското стакло. Затоа оштетеното стакло треба да се поправи колку што е можно побрзо, или по потреба да се замени.
ПОПРАВКИ НА СТАКЛО.
Со вбризгување на синтетичка смола во оштетеното место можат да се поправат многу различни удари со камен. За тоа има едноставно решение: Вашиот сервис на Audi. Зависно од видот и тежината на оштетувањето, тоа се поправа со висококвалитетни материјали или се заменува со оригинален дел на Audi. Најчесто осигурувањата (каско) го одбиваат задржувањето. Ударите со камен можат ефикасно да се поправат на пример со поправката Audi Clever Repair, но исто така и поволно, затоа што оштетувањето често едвај е видливо со голо око. Доколку оштетувањето од удар со камен не може да се поправи и потребна е замена на стаклото, ова е исто така јасна задача за Вашиот партнер на Audi. Затоа што кај него стаклото ќе се замени со соодветен оригинален дел за Audi.
Кај моделите на Audi со системи за помош на возачот кои се базирани врз камера, по замената на ветробранското стакло, камерата која е прицврстена директно на стаклото мора одново да се калибрира. Со тоа се обезбедува користење на системите за поддршка на возачот без грешки и опширна заштита на патниците.
Важен придонес за Вашата безбедност кој го овозможува Вашата овластена сервисна работилница за марката на Audi. Имајте доверба во нашите специјалисти, затоа што никој не ја познава марката на Audi колку ние. Детални и конкретни понуди ќе добиете во Вашиот сервис за Audi којшто учествува.
Повеќе информации
Повеќе информации во врска со поправката на ветробранското стакло и дополнителните Clever Repair методи на Audi ќе добиете овде.