-
Пребарај
НЕГАТА СО ЛАК НА ВАШЕТО AUDI ЗРАЧИ СО НОВ СЈАЈ
На Вашето Audi ќе му дадеме прекрасен сјај. Со нашата професионална нега, Вашето Audi подолго време ќе остане убаво и лакот ќе биде оптимално заштитен. Редовното длабинско полирање и стручно конзервирање сјајот го одржуваат со години.
Нашиот пакет за конзервирање со тврд восок е најдобрата нега за Вашето Audi. Вашето возило ќе добие миење однадвор, а ние ќе ги обработиме и исполираме лесните гребнатини и целиот автомобил ќе го конзервираме со тврд восок. За оптимална заштита, пакетот за конзервирање со тврд восок Ви го препорачуваме двапати годишно.
Детали и конкретни понуди ќе добиете кај Вашиот сервис на Audi којшто учествува.
ДЕЛОТВОРНО ПРОТИВ 'РЃА!
'Рѓата може да се појави кај секој автомобил. Наслагите од железо од индустриските погони или абразијата од пругите - кои често се пренесуваат на растојание од повеќе километри - се причина за малите, црвени флеки од 'рѓа. Притоа не се работи за типично оштетување од 'рѓа, ниту пак овие флеки се упатуваат на лош квалитет на лакот на Вашето возило.
Има две можности за да се отстрани 'рѓата. Малото влијание од 'рѓа може да се "избрише" рачно и точно, поголемото влијание од 'рѓа се отстранува со специјално средство за отстранување на индустриска прашина. Ние го имаме вистинското решение за Вас.
Што спречувате на овој начин:
Со стручно, редовно конзервирање со тврд восок го заштитувате лакот од општи влијанија од околината. Освен тоа отежнувате 'рѓата да се задржи на покривниот лак на Вашето Audi. Ви препорачуваме двапати годишно нашите специјалисти за сервис да извршуваат конзервирање со тврд восок на возилото.