-
Пребарај
AUDI CLEVER REPAIR ПОПРАВКА И ЧИСТЕЊЕ НА КОЖА
И кај овој висококвалитетен материјал многу често е можна поволна поправка. Специјализираните техничари отстрануваат мали оштетувања или тврдокорни нечистотии.
ЧИСТЕЊЕ НА КОЖА
Лесно извалканите кожни површини чистете ги со навлажнета волнена крпа односно со оригинално средство за нега. Не користете средства за чистење односно растворувачи кои содржат бензин, терпентин и слично.
Потешките нечистотии како на пример флеки од пенкало, маркер, мастило или лак за нокти кои не можат да се отстранат со средство за чистење на кожа, најчесто можат да се отстранат со поправка на кожата.
ПРЕДНОСТИ
* Најчесто не е потребна замена на оштетеното седиште односно оштетената навлака. Со тоа отпаѓа потребната демонтажа на седиштето на совозачот односно навлаката на седиштето на совозачот, која настанува со разлика во бојата на новото седиште.
* Заштедувате време и пари.
* Се задржува вредноста на возилото.
ПРЕДУЛСОВИ
* Пукнатините не смеат да бидат поголеми од 40 mm .
* Дупките не смеат да бидат со дијаметар поголем од 15 mm.
ИСКЛУЧОЦИ
* Не смее да се поправа во подрачјето на воздушните перничиња и во подрачјето на шевовите.
* Alcantara (видете поправка на материјали).
Дополнителни информации и конкретни понуди ќе добиете кај Вашиот сервис на Audi Којшто учествува.