-
Пребарај
AUDI CLEVER REPAIR ПОПРАВКА НА АЛУМИНИУМСКИ ФЕЛНИ
Блискиот контакт на работ на каменот со Вашата алуминиумска фелна не смее да Ви предизвикува грижи. Со новите Clever Repair методи на поправка овие оштетувања можат да се отстранат поволно, брзо и со врвен квалитет. Гребнатините и засеците се пополнуваат со специјално средство кое брзо се стврднува и се конзервираат со лак.
ПРЕДНОСТИ
* Замена на оштетената фелна - зависно од оштетувањето - не е повеќе потребна. Со тоа заштедувате време и пред сè пари.
* Вредноста на возилото останува иста.
ПРЕДУСЛОВИ
* Гребнатините смеат да бидат длабоки најмногу 2 mm, Вашиот сервисен партнер на Audi со задоволство ќе Ве посоветува околу тоа.
ИСКЛУЧОЦИ
Не можат да се поправат:
* Хромирани фелни, полирани фелни и фелни од не'рѓосувачки челик.
* Оштетени или хромирани тркала, како и тркала со напукнати односно изобличени продупчени клипови.
НАПОМЕНА
Со оваа техника се добиваат визуелно одлични резултати - стандардот за квалитет на нов дел сепак не може секогаш да се достигне во целост.
Дополнителни информации и конкретни понуди ќе добиете кај Вашиот сервис на Audi којшто учествува.