-
Пребарај
Сервисирање & Одржување
Audi е вистинско чудо на техниката. Редовните сервиси се од вистинско значење за Вашиот Audi автомобил. Тие се важен придонес за вашата сигурност, кој што ви го нуди Audi сервсисот за во секое време.
Закажете термин за сервисирање на Вашето возило на следните контакт податоци
Порше Скопје
Бул. Босна и Херцеговина 4, 1000 Скопје
Тел. +389 2 26 03 727
besnik.saiti(kwfat)porsche.com(kwfdot)mk
Стандардна проверка
На секои 10.000 km или на секои 12 месеци, потребно е на вашиот автомобил
да се извршат следните проверки и замени:
- Промена на моторно масло и филтер за масло
- Промена на филтер за воздух и филтер за полен (по потреба се прави и
замена)
- Проверка на нивото на ладење и заштита од мрзнење
- Проверка на светла и уреди за сигнализирање
- Проверка на системот за предно осветлување
- Проверка на уредот за миење на стакла и ретровизори, како и контрола на заштита
од смрзнување
- Дијагностицирање на системи за грешка при работење
- Проверка на акумулаторот
- Проверка на јачината на предни и задни кочници
- Проверка на дебелината на облогата на кочниците
- Контрола на состојба и профил на тркалата
- Проверка на притисокот на сите четири тркала како и резервното тркало
- Повторно закажување на нареден сервис
- Пробно возење
Инспекциска проверка
На секои 60.000 km потребно е да се прави контролен сервис под кој освен замената на масло и ремените, подразбира и проверка на цела низа електрични системи и делови на автомобилот со помош на уред за дијагностицирање, со визуелен преглед и пробно возење.
Останати видови на одржување
Овластениот сервис за Audi, Порше Скопје, во зависност од моделот на автомобилот, предвидува различни нивоа на одржување во зависност од поминатите километри, староста и опремата на автомобилот. Во однос на споменатите параметри овластениот сервис формира индивидуални листи наменети за Вашиот Audi автомобил.
PORSCHE Skopje
Бул. Босна и Херцеговина ББ
1000 Скопје
МАКЕДОНИЈА
тел: 00 389 22 62 62 66
факс: 00 389 22 62 64 66
e-mail: office(kwfat)porsche.com(kwfdot)mk