-
Пребарај
Производителот на Audi, Audi AG - Ingolstadt им гарантира на сите клиенти
дека испорачаниот автомобил е во исправна состојба. Доколку се појават некои
недостатоци во времетраењето на гаранцијата, истите ќе се отклонат доколку се во
согласност со гаранцискиот пакет кој опфаќа:
- 1 месец гаранција од денот на испорака, во кој може да се бара замена на возилото
за ново доколку кај истото три пати се повтори дефект на еден исти склоп во
возилото;
- 6 месеци или 10 000 км на потрошниот материјал, во кој спаѓаат: сијалици,
сопирачки, филтри за воздух, полен, масло и гориво, пневматици, свеќички, метлици
од брисачите, геометрија на возило, сет ламела и амортизери.
- 2 години бесплатно отстранување на сите фабрички недостатоци од денот на испорака
за дефекти на нови возила, без оглед на изминатите километри;
- 2 години од моментот на вградување / купување на оригинален дел (нов, фабрички
ремонтирани делови, агрегати) и вградување на оригинална опрема;
- 3 години бесплатно отстранување на оштетувања на лак / боја на каросеријата на
патничките возила;
- 6 години бесплатно отстранување на корозија за делумно поцинкувани каросерии на
возила од патничката програма;
- 12 години бесплатно отстранување на корозија за потполно поцинкувана каросерија и
без перфорација за алуминиумска каросерија.
PORSCHE Skopje
Бул. Босна и Херцеговина ББ
1000 Скопје
МАКЕДОНИЈА
тел: 00 389 22 62 62 66
факс: 00 389 22 62 64 66
e-mail: office(kwfat)porsche.com(kwfdot)mk