-
Пребарај
ЗАГАРАНТИРАНА БЕЗГРИЖНОСТ НА ПАТ. СО ПРОДОЛЖЕНАТА ГАРАНЦИЈА НА AUDI.
Audi нуди напредна технологија, прогресивен дизајн, највисок квалитет и врвна сервисна услуга. Понудата ја збогативме со новата специјална програма - Audi продолжена гаранција.
Audi продолжената гаранција можете да ја купите за секој новокупен модел од гамата на Audi и со тоа по автоматизам да ја продолжите важноста на стандардната двегодишна гаранција на три, четири или пет години.
Заборавете ги сите непредвидени сервисни трошоци од Вас одбраниот период и уживајте во безгрижното возење со Вашиот автомобил. Изборот е Ваш, што и да одберете сте донеле мудра одлука.
Преглед на Вашите предности:
- Целосна гаранција - без дополнителни формулари и потписи
- Избор на неколку комбинации гаранции: дополнителни 3 години по изминувањето на стандардната двегодишна фабричка гаранција и максимална километража од 150.000 километри
- Достапна за сите модели и изведби на моторот
- Достапна за возила на лизинг, финансирање или возила набавени во готово
- Врзана за возилото, со што се зголемува вредноста при евентуална продажба
- Го чува возилото во најдобра состојба благодарение на професионалниот Audi сервис
- Можност за поврат на ДДВ кај правните субјекти
- Важи на територијата на цела Европа
Со Audi продолжената гаранција, имате избор помеѓу следните комбинации:
Период | KM | A1 | A3 | A4 | A5 | TT | A6 | A7 | A8 | Q3 | Q5 | Q7 | R8 |
1 година | 30,000 | 59 | 71 | 95 | 131 | 95 | 143 | 215 | 288 | 95 | 131 | 143 | 288 |
60,000 | 83 | 95 | 131 | 191 | 131 | 203 | 312 | 408 | 143 | 191 | 203 | 408 | |
90,000 | 119 | 131 | 191 | 264 | 191 | 276 | 420 | 552 | 191 | 264 | 276 | 552 | |
2 години | 40,000 | 131 | 143 | 215 | 300 | 215 | 300 | 480 | 649 | 203 | 300 | 300 | 649 |
80,000 | 203 | 215 | 324 | 444 | 324 | 456 | 721 | 974 | 312 | 444 | 456 | 974 | |
120,000 | 288 | 312 | 468 | 637 | 468 | 661 | 1058 | 1419 | 456 | 637 | 661 | 1419 | |
3 години | 50,000 | 227 | 240 | 348 | 492 | 348 | 504 | 817 | 1106 | 336 | 492 | 504 | 1106 |
100,000 | 348 | 372 | 552 | 769 | 552 | 793 | 1263 | 1732 | 528 | 769 | 793 | 1732 | |
150,000 | 528 | 564 | 853 | 1178 | 853 | 1202 | 1985 | 2683 | 817 | 1178 | 1202 | 2683 |
*Цените се изразени во евра со вклучен ДДВ, по среден курс на НБРМ на денот на купување на Audi продолжената гаранција.