-
Пребарај
ПРАВИЛНО ОДНЕСУВАЊЕ ПРИ НЕЗГОДА
Патниот сообраќај и бројот на возилата на австриските патишта сè повеќе се зголемува. Во тој случај, и најдоброто осигурување не може да ги спречи незгодите. Со прирачникот за совети на Audi "Правилно однесување при незгода" би сакале во случај на незгода што е можно подобро да Ве заштитиме. Со наша помош, тука ќе ги најдете најважните информации за правилно однесување на местото на незгодата. Ве молиме, испечатете го овој прирачник за во случај на незгода и чувајте го во Вашата фиока за ракавици.
ЧЕКОР ПО ЧЕКОР
1. Обезбедување на местото на незгодата
Вклучете ги трепкачите, облечете го флуоресцентниот елек (истиот секогаш чувајте го во внатрешниот простор на возилото!), потоа поставете го триаголникот за предупредување (видете точка 2).
2. Поставување на триаголникот за предупредување
На автопати околу 250 m
Регионални патишта околу 150 m
Населени места 50 m,
Растојание до работ од коловозот 1 m
3. При повредени патници задолжително земете ги предвид следните точки
Укажете прва помош - употребете ги мерките за спасување живот. Известете ја службата за спасување и полицијата! На автопатите ќе најдете на отприлика секои 2 km столбови за итен повик. Стрелките на водечките столпчиња упатуваат на најблискиот столб за итен повик.
Кренете го капакот, се јавува централата за помош на пат.
Итниот повик мора како информација да ги добие одговорите на следните 5 прашања:
* Што се случило?
* Каде е местото на незгодата?
* Кога се случила?
* Колку повредени има?
* Кој се јавува?
Броеви за итен повик:
* Полиција 133
* Служба за спасување 144
* Противпожарна служба 122
* Euro итен повик 112
Понатамошна грижа за повредените
4. Што треба да се прави при материјална штета
Задолжително предадете му ги на другиот учесник во незгодата Вашите документи за возилото на увид. Изгответе извештај за незгодата со него и потпишете се и двајцата (нема признание на вина, туку репродукција на случувањата во незгодата заради брзо регулирање на штетата).
5. Средство за докажување
Фотографирајте го местото на незгодата. Доколку има сведоци, забележете го нивното име и адреса.
СО БРОЈОТ НА AUDI ЗА ИТЕН ПОВИК 01 86 666 - ПОМОШ ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛИОТ ДЕН.
Audi гаранцијата за мобилност ќе ја добиете автоматски и бесплатно со секое ново возило. Таа важи уште од испораката на Вашето возило. Истата, без дополнителни трошоци, автоматски се продолжува, доколку се извршуваат сервисни зафати според одредбите на производителот - во текот на целиот животен век на возилото. А при незгода, со гаранцијата за мобилност се покриени следните услуги! Повеќе информации за Audi гаранцијата за мобилност ќе најдете тука.
ВАШИОТ СЕРВИС ЗА AUDI ГО ПРЕЗЕМА КОМПЛЕТНОТО ПРОЦЕСИРАЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Стручното лице од Вашиот сервис за Audi ќе изготви точен профил на штетата и ќе се погрижи со придржување кон Вашите права за процесирање на осигурувањето. (Разјаснувањето на вината може да го регулира само клиентот.) На тој начин ќе ја заштедите работата со пријавување, вештачење на штетите итн. Вашиот сервис за Audi ги регулира сите прашања во врска со осигурувањето, коишто зависат од оштетувањето на возилото. Сè што треба да направите е да си го земете Вашето поправено возило, во совршена возна состојба. Накратко: ние ќе се потрудиме за најсигурниот начин за Вас да Ве поштедиме од непријатностите. Заборавете на сите грижи - Audi повторно сè ќе среди!