-
Пребарај
КОРИСНИ СОВЕТИ. ЗА ЗАШТИТНА НЕГА.
Со правилната нега можете долго време да ја одржите вредноста на Вашето возило.Тука ќе најдете корисни совети и упатства за тоа, како Вашето возило Audi уште долго време да го задржи својот сјај. А ако сакате да бидете оптимално опремени за негување на Вашето возило, тогаш Ви ги препорачуваме оригиналните средства за нега на Audi. Можат да се најдат кај Вашиот сервис за Audi.
Автоматски сервиси за миење возила
Лакот на возилото е толку отпорен, што Вашето возило во нормални околности може без проблеми да се мие во автоматски сервис за миење возила. Модерните автоматски сервиси за миење возила нудат оптимална нега за Вашиот автомобил и се многу поеколошки од рачното миење. Но, ако лакот добие мат нијанса после миењето или гребнатини на лакот, тоа упатува на дефектен автоматски сервис за миење возила!
Совети за нега:
* Исплакнете ја грубата нечистотија со многу вода, пред да поминете низ
автоматскиот сервис за миење возила.
* А за долгорочно да го заштитите лакот, при секое миење избирајте ја програмата со врел восок.
Рачно миење
Најважно при рачното миење е дека нечистотијата треба најпрво да се натопи, омекне
и исплакне со многу вода, без дополнително да се трие со сунѓер. Во спротивно,
заостанатите честички од нечистотија делуваат врз лакот како брусна хартија.
Потоа, возилото може да се исчисти со мек сунѓер или со четка за миење одгоре надолу со користење на слаб притисок. Многу изабените делови - како тркалата - треба да се исчистат на крај и притоа, доколку е возможно, да се користи друг сунѓер. На крајот, возилото треба темелно да се исплакне со вода и да се избрише.
Совети за нега:
* За шампонирањето не користете средства за чистење во домаќинството. Овие средства
за чистење содржат растворувачи на масти, коишто можат да го тргнат заштитниот слој
на лакот и истиот да го нагризат. Поради тоа, не треба да користите крпи и сунѓери,
коишто ги користите и во домаќинството.
Миење со средство за чистење под висок притисок
Задолжително следете ги напомените за ракување со средството за чистење под висок
притисок - особено во врска со притисокот и минималното растојание (поголемо од 15
cm!).
Внимавајте да има доволно големо растојание до меките материјали како гуми или изолациски материјал. Особено треба да се внимава при користењето на средствата за чистење. Никогаш не нанесувајте ги директно врз врелиот лак - генерално, не мијте го возилото на директно сонце!
ХРОМ, ЛАК & ПЛАСТИКА
Политура на лак
Полирањето е неопходно, само ако лакот станал неугледен и ако со средствата за
конзервирање повеќе не може да се постигне сјај. Доколку користената политура не
содржи конзервирачки составни делови, тогаш се препорачува дополнително
конзервирање. Ве молиме имајте предвид, дека мат лакираните делови и пластичните
делови не смеат да се третираат со средства за полирање и тврд восок.
Совети за нега:
* Најдобри резултати од полирањето ќе постигнете, доколку работите во обратна
насока. На пример, нанесете ја политурата во насока на стрелките на часовникот и
потоа полирајте во спротивната насока. Мал трик: користете ги двете раце: со левата
нанесете, со десната полирајте.
Мали оштетувања на лакот
За да се избегне `рѓосување, малите оштетувања на лакот (удари од камен итн.) треба
веднаш да се покријат со маркер или лак за прскање. Доколку веќе има наталожено
`рѓа, истата мора темелно да се отстрани. Пред да го ставите лакот за покривање на
оштетувањата, мора да нанесете грундирање за заштита од корозија. И ако Ви е
потребна помош, Вашиот сервис за Audi со задоволство ќе Ви помогне со методата
Clever-Repair на Audi.
Пластични и хромирани делови
Надворешните пластични делови се чистат со вообичаено миење. Доколку тоа не е
доволно, употребете средство за чистење на пластика и исчистете ја извалканата
површина со мека крпа или сунѓер. За хромираните делови постои специјално средство
за чистење на хром, коешто на `рѓосаните хромирани делови или на деловите што
станале мат ќе им го врати првичниот сјај.
Тркала од лесен метал
Тука се создаваат најлошите оштетувања: абразија на сопирачките, губење пигменти, а
нечистотиите на патот создаваат тврдокорни наслаги. За да не дојде до нагризување
на лесниот метал, истиот треба да се мие на секои две седмици. По миењето, најдобро
е дополнително да се истретира со средство за чистење тркала од лесен метал што не
содржи киселини. Отприлика на секои три месеци тркалата треба дополнително да се
намачкаат со тврд восок. Евентуалните оштетувања на слојот од заштитен лак мора
веднаш да се коригираат.
Совети за нега:
По почетокот на возењето, притиснете повеќе пати на сопирачката, за да ги исушите
дисковите и облогите на сопирачките.
КАБРИО-ПОКРИВИ
Кабрио-покривите од пластика и текстил не смеат да се третираат како лакираните
површини. Поради тоа, во автоматскиот сервис за миење возила не избирајте третирање
со врел восок, бидејќи тоа ја прави ткаенината порозна и доведува до нејзино
кинење. Ако Вашето возило има фолија на задното стакло, најдобро сосема
избегнувајте автоматски сервис за миење возила. Поради тоа, како сопственик на
Cabrio Вашето возило треба да го миете исклучиво рачно.
ВНАТРЕШЕН ПРОСТОР
Чистење на кожа
За кожата подолго време да остане убава и мазна, потребна е посебна нега. Малку
извалканите кожни површини како на пр. со прав, треба редовно да се чистат со
навлажнета памучна крпа. Кожата треба да се чисти двапати годишно со оригинални
средства за нега. Редовното нанесување на тие средства штити од дамки, избледување,
сушење и губење на сјајот на кожата. А при погруби нечистотии како на пр. дамки од
пенкало, мастило како и лак за нокти, коишто не можат да се отстранат со
вообичаеното чистење на кожата, во најчести случаи можат да се отстранат со
Clever-Repair методата на Audi.
Нега на кокпитот
Инструментната табла, средишната конзола и страничните прегради најдоброто ќе ги
исчистите од прав и други нечистотии со влажна крпа. Нечистотиите што се навлезени
подлабоко на рапавата пластика можете да ги отстраните со оригинално средство за
чистење пластика.