-
Пребарај
ДИРЕКТНО ПРЕЗЕМАЊЕ: УШТЕ ПОДОБРО ИНФОРМИРАНИ.
Вашите предности при директното преземање во Audi:
ЌЕ ОДВОИМЕ ВРЕМЕ ЗА ВАС.
Вашето возило се става на платформа за подигнување и на тој начин можете и одоздола да го проверите. Меѓу другото, Вашиот советник за сервис дискутира со Вас за состојбата на гумите, сопирачките, уредот за издувни гасови и подвозјето. Исто така и една визуелна проверка Ви дава целосна прегледност за надворешната состојба на возилото.
ВЕДНАШ ЌЕ ДОБИЕТЕ СОВЕТ ЗА СИТЕ ВИДЛИВИ ОШТЕТУВАЊА.
Вашиот советник за сервис може уште за време на визуелната проверка да Ви каже кои штети би требало веднаш да се отстранат од безбедносни причини, а кои би можеле да се одложат на одредено време.
ЗАЕДНО ГО ДОГОВАРАМЕ КОНКРЕТНИОТ ОБЕМ НА ПОПРАВКА.
Од нас ќе добиете препорака за обемот на поправката - а Вие одлучувате што да се изврши. Нашиот советник за сервис може за видливите штети да Ви соопшти необврзувачка проценка на сумата. На тој начин можете подобро да планирате и да донесете одлука.
Вашата следна посета на сервисната работилница на Audi по желба со директно преземање.