-
Пребарај
ЧИСТЕЊЕ НА КЛИМА. ЗА ПРОМЕНА, ДА СЕ СКОНЦЕНТРИРАМЕ МАЛКУ ВРЗ СЕБЕ СИ.
Оној кој еднаш уживал во клима-уредот во неговиот Audi, не би сакал да се откаже од тој комфор. Навистина е пријатно чувството, и при потопли температури да седите суви и опуштени зад воланот. Прав, полен и други надворешни влијанија можат да го оптоварат клима-уредот на Вашиот Audi и во одредени околности да го ограничат неговото функционирање. Поради тоа, спречете навреме: клима сервисот на Audi се грижи за свеж воздух - во секое годишно време! Бидејќи сакате да уживате во секој момент.
Кога и зошто треба да се чисти клима уредот?
* Редовно или најдоцна на секои 15.000 километри
* Ако од клима-уредот струи непријатна миризбa
* За поквалитетен воздух во внатрешноста на возилото
Чистење на клима-уреди.
Влажноста и честичките од нечистотии во Вашиот клима-уред се идеално место за размножување на бактерии, габи и микроорганизми. Поради тоа, нашите експерти Ви препорачуваат чистење на клима-уредот на секои 2 години или на 15.000 изминати километри. Притоа, темелно се третираат и дезинфицираат сите засегнати компоненти и на тој начин се отстрануваат непријатните миризби.
Проверка на клима-уредите.
Оптималната функција на клима-уредот зависи не само од самиот клима-уред, туку и од другите компоненти, коишто се одговорни за идеалното ладење и свежиот воздух. Доколку имате впечаток, дека Вашиот клима-уред повеќе не лади доволно, Ви ја препорачуваме нашата проверка на клима-уреди. За Вас ги проверуваме:
* Температурата на струење
* Функцијата на клима-уредот
* Моќта на пропуштање на издувниот воздух
* Притисокот во колото на средството за ладење
* Филтрите за пропуштање на кутијата за вода
* Кутијата за вода од нечистотии