-
Пребарај
Јасноста е новата премиум категорија: внатрешноста
Влезете и чувствувајте се пријатно. Благодарение на неговата ширина од два метри, Audi Q8 за теренско Coupé нуди великодушно чувство на пространост. Намалениот отмен дизајн, индивидуалните контури на седишта кои се достапни по желба си функција за масажа и вентилација, автоматскиот клима уред со четири зони и Air Quality пакетот за квалитет на воздухот дополнително го нагласуваат елегантниот амбиент.
Дигиталната прецизност
Функционалната елеганција која веќе го оформува надворешниот изглед на новото Audi Q8, го карактеризира и дизајнот на внатрешноста на теренското Coupé со четири врати: сите елементи во просторот за патници се логички поврзани без притоа да му се наметнуваат на оној кој ги гледа. Пример за овој воздржан концепт на дизајн е хармоничниот распоред на елементите на средишниот тунел, од рамната лента со отвори за воздух сé до широката конзола со рачката на менувачот Tiptronic. Опционалното контурно осветлување во темнина децентно ги оцртува линиите на дизајнот. Она што особено привлекува внимание: тродимензионалниот ласерски quattro амблем над фиоката за ракавици.
Флексибилен и повеќестран:
концептот за простор
Тројната задна клупа во задниот дел на возилото - зависно од тоа дали на совозачот или багажот им е потребен поголем простор - може да се поместува. Оној кој ќе ја спушти задната клупа добива раскошен простор за сместување од најмногу 1 755 литри, во кој може удобно да се товари и растоварува преку задната врата кој електрично се ракува.