-
Пребарај
Спортско доживување за време на возењето: возната динамика
Во Audi Q8 во секое време патувате спортски, динамично и ефикасно: неговиот чисто механички средишен диференцијал стандардно ја води силата во размер 40:60 кон предната и задната оска. По потреба голем дел од силата се пренасочува на оската со подобра тракција. Покрај сериското прогресивно управување, чиј пренос е сé подиректен со аголот на управувачот, Audi опционално го нуди управувањето на сите тркала. Тоа може да ги заврти задните тркала до 5 степени - во спротивна насока при ниска брзина за да се зголеми агилноста, а во иста насока за да се зголеми стабилноста при голема брзина. А благодарение на новата делумно хибридна технологија (MHEV) исто така има и посебна ефикасност.
Зависно што претпочитате:
подвозјето
Чисто механичкиот средишен диференцијал стандардно ја води силата во размер 40:60 кон предната и задната оска. По потреба голем дел од силата се пренасочува на оската со подобра тракција. Во комбинација со оддалеченоста од подлогата од 254 mm, кратките надвиснати делови и системот за помош при возење на надолнини Audi Q8 вози и подалеку од онаму каде што завршуваат асфалтираните улици. Подвозјето со регулирање на придушувањето е сериско. По желба Audi ја монтира адаптивната воздушна амортизација со регулирано придушување, без разлика дали во комфорно или спортско усогласување. Таа го варира однесувањето на каросеријата во зависност од возната ситуација и желбата на возачот и до 90 mm.
Ја зголемува агилноста:
динамичното управување на сите тркала
Покрај сериското прогресивно управување, чиј пренос е сé подиректен со аголот на управувачот, по желба се добива динамичното управување на сите тркала. Тоа овозможува завртување на задните тркала до пет степени. На тој начин Audi Q8 во зависност од брзината може да се управува на различни начини: при бавно возење оските се управуваат во спротивна насока и на тој начин ја зголемуваат агилноста на возилото. Тоа ја зголемува можноста за маневри при маневрирање и паркирање. При поголема брзина оските се управуваaт во иста насока и со тоа ја подобруваат стабилноста при возењето.