-
Пребарај
Нов изглед: дизајнот на надворешноста
Со величествената Singleframe решетка во дизајн со осум краци Audi Q8 го претставува новото лице на Q фамилијата. Решетката за ладење која делува моќно, стои исправена и во комбинација со спојлерот кој е извлечен нанапред и големите, маркантно континуирани отвори за воздух го нагласува самоуверениот изглед на возилото. Линијата на покривот која елегантно се спушта надолу се надоврзува на благо свитканите D столбови и се потпира на quattro испакнатите делови над куќиштата на тркалата, во кои се сместени големи тркала - со големина до 22 инчи. Континуираната светлосна лента на задниот дел од возилото ја красат црните површини.
Експресивен дизајн:
предниот дел
Со величествената Singleframe решетка во дизајн со осум краци Audi Q8 го претставува новото лице на фамилијата Q. Решетката за ладење која делува моќно, стои исправена и во комбинација со спојлерот кој е извлечен нанапред и големите, маркантно континуирани отвори за воздух го нагласуваат самоуверениот изглед на возилото.
Моќ и динамика:
страничната линија
Линијата на покривот која елегантно се спушта надолу се надоврзува на благо свитканите D столбови и се потпира на quattro испакнатите делови над куќиштата на тркалата, во кои се сместени големи тркала - со големина до 22 инчи. Силните контури и атлетски изведените површини посредуваат сила, квалитет и специјална динамика на перманентниот систем за погон на сите тркала.
Космополитски карактер:
Offroad оптика
Кај Audi Q8 на веќе прв поглед се забележува дека на секој терен се чувствува како дома. Впечатокот на моќ и прецизна динамика кои се темелите на перманентниот погон на сите тркала настанува со куќиштата за тркала со јасни контури, во кои можат да се сместат големи тркала. Силните контури и атлетски изведените површини посредуваат сила, квалитет и специјална динамика на перманентниот систем за погон на сите тркала. Спојлерот, маските на рамката на куќиштата на тркалата, лајсните на вратите и дифузерот се истакнати во посебна боја и на тој начин дополнително го нагласуваат Offroad изгледот.