-
Пребарај
Интелигентна вмреженост
Audi Q8 сериски е опремен со врвен Infotainment систем MMI Navigation plus. Тој ги интегрира модулот за пренос на податоци Audi connect, технологијата Standard LTE Advanced, како и WLAN hotspot. Онлајн услугите на Audi connect предикативно го дополнуваат планирањето на рутите. Иновативното говорно управување овозможува бројни функции безбедно и брзо да се повикуваат преку управувачот. На тој начин, Audi Q8 се претвора во интелигентен соговорник.
MMI response touch технологија
Во рамки на концептот на ракување со MMI touch response на Audi Q8, скоро сите функции може да се повикаат преку два големи дисплеи. Горниот со дијагонала од 10,1 инчи служи за управување со Infotainment и со навигацијата. На дисплејот со 8,6 инчи долу, возачот ги регулира климатизацијата, комфорните функции и внесувањето текст. Но, скоро ништо не е толку интуитивно како говорот. Audi Q8 може да се управува и со говор. Тоа го овозможува природно-јазичната интеракција што доаѓа сериски со MMI Navigation plus. Интелигентниот систем Ве разбира без притоа интеракцијата да се заснова на претходно дефинирани наредби. Без разлика дали се работи за навигациски податоци, радиостаници или текст во порака - Вие кажете и возилото ќе Ве послуша.

Audi phone box
Поставете и тргнете: штом Вашиот паметен телефон ќе се стави во опционално достапниот Audi phone box и ќе се поврзе со возилото преку Bluetooth, тој автоматски се препознава и со него може брзо и едноставно да се ракува преку MMI, повеќефункцискиот управувач или преку говор. Освен тоа, со поврзувањето помеѓу преградата и антената на возилото, добивате подобар квалитет на разговорот и на приемот. А доколку Вашиот паметен телефон го поддржува стандардот Qi, тој може и безжично да се полни во Audi phone box.
Audi connect
MMI Navigation plus ги интегрира модулот за пренос на податоци Audi connect со технологијата Standard LTE Advanced*, како и WLAN-hotspot. Портфолиото на Audi connect содржи бројни онлајн услуги, меѓу кои и Car-to-X услуги. Опционалниот Audi connect клуч* овозможува новиот Audi Q8 да го отклучувате и заклучувате преку компатибилен* паметен телефон. Апликацијата myAudi* го поврзува возилото со паметниот телефон на неговиот сопственик.
*компатибилно од Apple iOS 10.0 и Android 6; потребна е претходна регистрација на www.audi.de/myaudi; потребна е активна WLAN врска помеѓу паметниот телефон и Audi MMI за онлајн медиумски стриминг.
Bang & Olufsen Advanced Sound System
Опционалниот Bang & Olufsen Advanced Sound System овозможува фасцинантен тридимензионален звук со информации за висината на тоновите на сите пет седишта. Музиката се слуша небаре како да е снимена во концертна сала.