-
Пребарај
ПРОСТРАНОСТА ВЕ КАНИ НА УЖИВАЊЕ.
Внатрешниот простор на SQ7 одушевува со просторноста и висококвалитетната обработка. Изберете помеѓу сериски спортски седишта и опционални спортски седишта Plus. Зависно од желбата, во SQ7 TDI може да се сместат пет или седум лица, а комфорните опреми соодветствуваат на опреми од луксузната класа.
Целосното осветлување на внатрешниот простор е опремено со LED технологија. Како дополнение на пакетот светла, може да се избере и амбиентално осветлување. Тоа опфаќа осветлени влезни прагови и дополнително осветлување на контурите на конзолата во средишниот тунел. Во врвната верзија, внатрешното светло може да се инсценира: преку ММИ може да се постават повеќе профили на бои, коишто се регулираат во 32 нивоа.
Двојните декоративни вметоци: вистинска особеност во ентериерот на SQ7 TDI, којашто нуди мноштво атрактивни комбинации на примена - како што овде е илустрирано на пример во комбинација со четкан алуминиум Sono горе и алуминиум/дрво Beaufort долу.
МУЛТИМЕДИСКИ ИНТЕРФЕЈС НА ДОПИР
Поставувања на возилото, телефон и медиуми. Опционално и навигација и Audi connect. Сето ова на дофат на Вашиот прст: на иновативниот ММИ на допир. Комфор - благодарение на големата површина на допир.