-
Пребарај
ВАШИОТ ЛИЧЕН AUDI SQ7 TDI.
Ќе Ве забележат веднаш. Со бројните вредни и иновативни опции за опреми, ќе го направите Audi SQ7 TDI посебен. Откријте ги можностите!
ИЗБОР НА СЕРИСКИ ОПРЕМИ
LED ТЕХНОЛОГИЈА
Сериските LED фарови, како и динамичните трепкачи во задниот дел ја потенцираат водечката улога на Audi во дизајнирањето и технологијата на светлата. Светлото за дневно возење заедно со трепкачот формира двојна стрелка со светечка водилка - нов, уникатен светлосен сигнал во семејството на Audi.
СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ
Останете смирени - во секоја возна ситуација. Во SQ7 TDI може да изберете од вкупно 24 системи за помош како сериска и дополнителна опрема. Сериски го добивате Audi pre sense city - функција за предвидливо предупредување и итно сопирање за избегнување незгоди и за заштита на пешаците.
АЛУМИНИУМСКИ ЛИЕНИ ТРКАЛА
Моќен изглед: сериски, Audi SQ7 TDI доаѓа со 20-инчни алуминиумски леани тркала со дизајн со пет паралелни краци (S-дизајн). Со бројните опции за тркала, како на пример, алуминиумските леани тркала Audi Sport со дизајн со ѕвезда со пет краци во форма на буквата V со боја на титаниум на Вашиот SQ7 TDI му даваат уште подинамичен изглед.
АДАПТИВНА ВОЗДУШНА АМОРТИЗАЦИЈА СО УСОГЛАСЕНОСТ СПЕЦИФИЧНА ЗА S-МОДЕЛИТЕ
Сериски: системот за воздушна амортизација со усогласеност специфична за S-моделите. За широк спектар на усогласеност помеѓу динамиката и комфорот.
ИЗБОР НА ДОПОЛНИТЕЛНИ ОПРЕМИ
AUDI ВИРТУЕЛЕН КОКПИТ
Опционалниот Audi виртуелен кокпит со неговата 12,3-инчна дијагонала ги прикажува сите информации директно во видното поле на возачот. Ракувањето е интуитивно, а приказите изразено остри. Преку повеќефункцискиот управувач може да се постават различни режими на приказ во коишто доминира изгледот специфичен за S-моделите, на пример тахометарот со интегриран мерач на број на вртежи.
МУЗИЧКИ СИСТЕМ BANG & OLUFSEN ADVANCED SOUND SYSTEM
Кај музичкиот систем Bang & Olufsen Advanced Sound System, дигиталниот сигнален процесор управува со 11 канали и вкупно 23 звучника - со што звукот е хармоничен и прецизен на секое седиште. Во A-столбовите, вградени се четири звучника коишто се снабдуваат преку сопствени канали. Тие овозможуваат звукот на добие и просторна висина.
ADAPTIVE CRUISE CONTROL
Системот adaptive cruise control со систем за помош при застој работи со помош на радар за да се одржува саканото растојание до возилото пред Вас. Тој му помага на возачот во густ сообраќај на добро изградени улици, при што во многу ситуации може и да го преземе управувањето.
УПРАВУВАЊЕ СО СИТЕ ТРКАЛА
Со системот за управување со сите тркала, задните тркала се вртат дури до пет степени. Тоа го олеснува паркирањето. Директното пренесување на управувањето на предната оска ја зголемува возната динамика. Зависно од ситуацијата, задните тркала се вртат во или спротивно на правецот на вртење на предните тркала - со што се зголемуваат динамиката и стабилноста.
ПАКЕТ НА ПОДВОЗЈЕ ADVANCED
Пакетот на подвозје Advanced содржи три модули на техника: спортски диференцијал, електромеханичка активна стабилизација на нишање и управување со сите тркала.
НАПОМЕНА
Индивидуален лак Audi exclusive во калинка-црвена боја со бисерен ефект, понуда на quattro GmbH. За достапноста и цената, информирајте се кај Вашиот партнер на Audi.