-
Пребарај
ПРИСУСТВО ВО СЕКОЈА ЛИНИЈА.
Складен баланс од моќни и остри форми - тоа е екстериерот на SQ7 TDI. Ексклузивните дизајнерски карактеристики ја акцентираат надворешноста, на пример, надворешните ретровизори од алуминиум, скулптурно оформената Singleframe решетка на ладилникот и маркантно истакнатите тркала.
Сите линии и површини се прецизно и впечатливо обликувани, се потенцираат ширината на возилото и солидниот општ концепт. Новата решетка на ладилникот со дизајн специфичен за S-моделите може да се препознае на браниците, на страничните отвори за воздух, капаците на ретровизорите и на вметоците на вратите од алуминиум. Системот за издувни гасови Active Sound завршува во четири аголни издувни цевки.
Големината е во деталите: фаровите на SQ7 TDI се тродимензионално потенцирани и имаат форма на двојна стрелка. LED фаровите се дел од сериската опрема, опционално може да се нарачаат Audi Matrix LED фарови. Кај Matrix LED фаровите, долгото светло се дели кај секој фар на 30 поединечни светечки диоди, коишто користат три рефлектора. Сообраќајната ситуација се анализира со камера на внатрешниот ретровизор - зависно од ситуацијата, светлото на светечките диоди се намалува, зголемува или исклучува. На тој начин се создаваат милиони различни распределби на светлото, со што улицата одлично се осветлува во секоја сообраќајна ситуација.
НАПОМЕНА
Индивидуален лак Audi exclusive во калинка-црвена боја со бисерен ефект, понуда на quattro GmbH. За достапноста и цената информирајте се кај Вашиот партнер на Audi.