-
Пребарај
Поставување нови стандарди. Со опремите на Audi Q7.
Audi Q7 е големото сестрано теренско возило за спортските индивидуалисти. Со својата обемна понуда на простор Ви дава чувство на слобода. За поглед кон отвореното небо се грижи опционалниот панорамски стаклен покрив којшто достигнува дури до третиот ред седишта. Напредниот музички систем Bang & Olufsen со својот најдобар квалитет на звук нуди доживување на звукот како во концертна сала.
Head-up дисплеј
Сè во еден поглед: со Head-up дисплејот се воведува нова технологија на прикази кај Audi, којашто до пред неколку години се применуваше пред сè кај пилотите. Оптичкиот систем од асферични огледала проектира релевантни информации директно во видното поле на возачот.
Панорамски стаклен покрив
Пуштете го сонцето во Вашето Audi: панорамскиот стаклен покрив не се грижи само за внатрешен простор каде воздухот пријатно струи, туку ја подобрува и климата во внатрешноста преку ефикасната вентилација.
Matrix LED-фарови со динамичен трепкач
Оптимизирано осветлување и дизајн што воодушевува: Matrix LED-фаровите комбинираат систем од камери со LED извори на светлина, коишто го осветлуваат патот во боја налик на дневна светлина и се соодветно прилагодени на возната ситуација.
Напреден музички систем Bang & Olufsen со 3D-звук
Звук во просторот како во концертна сала: музичкиот систем Bang & Olufsen со 3D-звук го подигнува уживањето во музиката на едно ново повисоко ниво. Високотонските и среднотонските звучници коишто се специјално интегрирани во А-столбот, создаваат тридимензионален звук кој ја репродуцира целосната исполнетост на музиката.
Пакет со системи за помош при тури
Интелигентна комбинација од повеќе системи за помош на возачот со поволности во цената: на тој начин, меѓу другото, при долгите патувања на возачот му помагаат и адаптивниот систем за помош при возењето и системот за помош за брзина како и уредот за ограничување на брзината.