-
Пребарај
ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО КОКПИТОТ.
Во внатрешноста, Audi Q7 e-tron quattro нуди најголема пространост во неговата класа. Седнете и почувствувајте ги извонредниот комфор на седиштата и новата технологија - серискиот Audi виртуелен кокпит Ви ги прикажува сите информации релевантни за возењето на дисплеј во боја со висока резолуција и димензија од 12,3 инчи.
Трите задни седишта имаат потпирачи коишто може да се поместуваат и по желба се нагодуваат во должина. Литиум-јонската батерија е така вградена да не зазема многу простор: во нормална состојба, багажниот простор нуди 650 литри зафатнина, а максимум 1.835 литри. Врата од багажниот простор што електрично се регулира спаѓа во сериската опрема.
ЕЛЕГАНТЕН ДИЗАЈН
Дизајнерските елементи како Wrap-around - големиот лак околу возачот и совозачот, декоративните ленти или траката на отворот за воздух ја потенцираат просторноста на внатрешниот простор. Дводелните апликациски површини овозможуваат многу индивидуални комбинации, а понудата на навлаки е на ниво од луксузната класа. Многубројните материјали на оплеменетиот Audi design selection се нови во семејството на Q моделите. Во изработката нема компромиси - типично за Audi.
ФАСЦИНАНТНА ТЕХНОЛОГИЈА
Истакната карактеристика во Q7 e-tron е серискиот Audi виртуелен кокпит - целосно дигиталната инструментна табла со дијагонала од 12,3 инчи ги прикажува сите важни информации со фасцинантни графики и извонреден квалитет. Возачот може да избере различни нивоа на информирање, помеѓу кои и специфични e-tron прикази, како на пример мерачот на моќност. Големиот дисплеј овозможува префрлување на конвенционален мерач на број на вртежи односно прикажување на истиот заедно со мерачот на моќност. Освен тоа, инструментната табла прикажува и прикази за протокот на енергија, досегот (со вредности изразени во бројки и графики) и за состојбата на наполнетост на батеријата.
И кога станува збор за Infotainment, Audi ја применува најмодерната технологија. Главната нејзина карактеристика е модуларната структура на Infotainment од втората генерација, којашто ја користи огромната процесирачка моќ на Tegra 30 графичкиот чип на NVIDIA. Ракувањето се врши со говор, со повеќефункцискиот управувач или со сосема ново развиениот ММИ-терминал - ММИ површината на допир. По желба, во Audi ќе го добиете MMI all-in-touch - површина на допир со хаптички одговор.
Audi го дополни Infotainment со прикази специфични за електричен погон. Па така, покрај графичкиот приказ на досегот со електричен погон во навигациската мапа на располагање на пример стои статистиката на потрошувачката. Понатаму, полнењето и климатизирањето однапред може временски да се регулираат и да се приспособат на желбите на клиентот, како на пример на времето на поаѓање, за да бидат штедливи во однос на ресурсите и трошоците.
Сериски вградениот Audi connect го поврзува Q7 e-tron quattro преку брз LTE-стандард со интернет - уште една уникатна карактеристика на ова големо спортско теренско возило. Преку WLAN-Hotspot сопатниците може да сурфаат и праќаат е-пошта на нивните мобилни крајни уреди, а за возачот има многу нови онлајн услуги и апликации во возилото. И дополнителните модули се атрактивни - Audi таблет којшто служи како Rear Seat Entertainment, музичките системи од Bose и Bang & Olufsen со 3D-звук, како и новиот Audi phone box, којшто индукциски го полни мобилниот телефон.