-
Пребарај
КОМБИНИРАНА МОЌ.
За постигнување извонредни цели, потребни се извонредни вештини. Со два концепти на погон, Audi Q7 e-tron quattro ги поседува тие вештини: одлична ефикасност, возење без емисија на штетни гасови со електричен мотор и спортска возна динамика, голем досег, независност од инфраструктура за полнење и висок квалитет на материјали и изработка.
ВИСОК СТЕПЕН НА ЕФИКАСНОСТ И МАЛА ТЕЖИНА
Како и сите хибридни модели на Audi и Q7 e‑tron quattro е конципиран како паралелен хибрид. 3.0 TDI, високоефикасен V6 дизел мотор од најновата генерација нуди 190 kW (258 КС) и 600 Nm вртежен момент. Со активниот лагер на моторот - светски новитет кај еден дизел мотор - значително се елиминираат несаканите нишања со намерни контра-импулси. Е-машината овозможува 94 kW и дава 350 Nm вртежен момент. Таа заедно со одвојувачката спојка се интегрирани во tiptronic со осум степени. Автоматскиот менувач одушевува со високата ефикасност и малата тежина. Постојаниот погон на сите тркала quattro исто така компактен и лесен, ги распределува силите на сите четири тркала. При брзо возење во кривини, неговиот средишен диференцијал тесно соработува со системот за управување со моментот на поединечните тркала и интелигентниот софтвер.
ДОСЕГ ПРИ ЕЛЕКТРИЧЕН ПОГОН
Литиум-јонската батерија се состои од 168 висококвалитетни батериски ќелии и се лади со течност. Со капацитет од 17,3 kWh таа овозможува досег до 56 километри со електричен погон - уште еден најдобар резултат во конкретниот сегмент. Друг ефикасен модул е за Q7 e-tron quattro специјално развиениот сериски систем за термално управување со интегрирана топлинска пумпа. Тој овозможува топлината којашто ја испуштаат електричните погонски компоненти да се стави на располагање во внатрешниот простор на Q7 e-tron quattro. Audi е прв производител во светот којшто ја воведува оваа технологија во Plug-in хибрид како сериска опрема и со тоа поставува нови стандарди кога станува збор за комфорот во внатрешниот простор, ефикасноста на климатизацијата и досегот при електричен погон. Со брзото загревање на внатрешниот простор, клиентот и при ниски надворешни температури ужива во електричното возно доживување.
E-TRON СЕРВИСНИ УСЛУГИ
Во новиот Q7 e-tron quattro вградена е новата технологија на двофазно полнење, којашто овозможува полнење со најмногу 7,2 kW моќност. Зависно од инфраструктурата (соодветно моќен индустриски приклучок за напојување) и од кабелот за полнење, целосното полнење на батеријата се врши за околу 2,5 часа. Опционално, Audi на неговите клиенти им нуди пакет e-tron сервисни услуги. Тој опфаќа сè од префрлување на регенеративно создадена струја (Audi Energy) па до услуги за инсталациите и поддршка на корисници. Комфорно решение претставуваат и сериските e-tron услуги во портфолиото на Audi connect - со нив функциите како полнењето и климатизирањето може да се управуваат преку паметен телефон.
СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ХИБРИДОТ
Системот за управување со хибридот со погонските состојби на Audi Q7 e-tron quattro управува интелигентно, флексибилно и ефикасно. Возачот може да избере помеѓу три режима. Режимот EV го приоритизира електричното возење, во режимот hybrid системот за управување со хибридот одлучува слободно за видот на погонот и во режимот battery hold тој ја штеди постоечката електрична енергија. Ова големо спортско теренско возило стартува електрично. За да се активира TDI, возачот мора да го притисне педалот за возење - уште една иновација на Audi - преку одредена точка на отпор. Точката на којашто се појавува отпорот зависи од барањата на системот за управување со хибридот. И при силно забрзување, при што двата мотори работат заедно, потребно е надминување на точка на отпор.
ЕФИКАСНО ДВИЖЕЊЕ НАПРЕД
Кога хибридниот мод е активен и осумстепениот tiptronic со интегрираниот е-мотор се наоѓа во позиција D, Audi Q7 e-tron quattro се префрла на пловење во неутрален степен штом возачот го тргне стапалото од педалот за гас. Тогаш TDI и е-моторот се деактивираат. Доколку Audi Q7 e-tron quattro се приближи до бавно возило пред него или до кружен тек, или пак до влез во населено место, режимот на пловење во неутрален степен престанува со цел намерно одложување на рекуперацијата. За препознавањето на возната ситуација пред возилото, се користат податоците од навигацискиот систем MMI Navigation plus, предната камера и доколку има adaptive cruise control и од сензорите на радарите.