-
Пребарај
ПОСТАВУВАЊЕ НОВИ МЕРИЛА
Audi Q7 e-tron quattro е големо, сестрано спортско теренско возило за индивидуи со спортски дух. Со големата понуда на простор, тој Ви овозможува чувство на слобода. Поглед кон отвореното небо нуди опционалниот панорама стаклен покрив којшто достигнува до третиот ред седишта. Музичкиот систем Bang & Olufsen Advanced Sound System со најквалитетниот звук нуди музичко доживување како во концертна сала.
АДАПТИВНА ВОЗДУШНА АМОРТИЗАЦИЈА
Адаптивната воздушна амортизација ги обединува навидум спротивните карактеристики комфор и динамика. Комбинацијата од воздушно потпирање и континуирано електрично регулиран систем на амортизери се приспособува на секоја возна ситуација, независно од натовареноста.
КОМФОРЕН КЛУЧ СО ОТКЛУЧУВАЊЕ НА БАГАЖНИОТ ПРОСТОР УПРАВУВАНО СО СЕНЗОР И ЕЛЕКТРИЧНА ПОЛИЦА ВО БАГАЖНИОТ ПРОСТОР
Комфорен електронски систем за овластување за пристап и возење: за да отворите и стартувате, доволно е клучот да биде со Вас. Вратата од багажниот простор што електрично се отвора може по желба да се ракува и со движење на стапалото. Еден замав со стапалото под задниот браник и вратата од багажниот простор веќе почнала автоматски да се отвора.
AUDI MATRIX LED ФАРОВИ
Оптимално осветлување и воодушевувачки дизајн: Audi Matrix LED фаровите се комбинација од систем на камери со LED извори на светлина коишто коловозот го осветлуваат со светина слична на дневната, приспособено на конкретната возна ситуација.
МУЗИЧКИ СИСТЕМ BANG & OLUFSEN ADVANCED SOUND SYSTEM СО 3D-ЗВУК
Вака улицата ќе се претвори во бина: интегриран во висококвалитетниот Audi амбиент, музичкиот систем на специјалистите за HiFi Bang & Olufsen поставува оптички и акустични стандарди. Системот автоматски ја зема предвид брзината на возење и шумовите во позадината и овозможува фасцинантна просторна репродукција, исто како во концертна сала.
ПАНОРАМСКИ СТАКЛЕН ПОКРИВ
Пуштете ги сончевите зраци во Вашиот Audi: панорамскиот стаклен покрив не само што нуди пријатен внатрешен простор преплавен во светлина, туку ја подобрува и внатрешната клима со ефикасното проветрување.