-
Пребарај
МОЌЕН ИЗГЛЕД
Дизајнот на новиот 5,05 метри долг Audi Q7 се заснова на баланс од моќни и заострени форми и елегантен изглед. Деталите како пластично оформената Singleframe решетка, маркантно потенцираните тркала и издадените рабови над тркалата, ја рефлектираат суштината на марката.
СИЛЕН КАРАКТЕР
Сите линии и површини се прецизни и одлично изработени, тие ја потенцираат ширината и цврстината на возилото. Вратата од багажниот простор ги опфаќа косите D-столбови, типично за Q-моделите на Audi. Кај Q7 e-tron quattro, Singleframe решетката, отворите за воздух, 19-инчните тркала и дифузорот во задниот дел се специјални карактеристики. Фаровите се тридимензионално оформени и нивното светло се прикажува како двојна стрелка.
Q7 e-tron quattro без возач тежи (зависно од опремата) 2.445 килограми. Од нив, 375 килограми отпаѓаат на опремите специфични за e-tron како на пример високонапонската батерија, е-моторот и енергетската електроника и 35 килограми на сериската опрема: тркала, зголемен SCR-волумен, автоматски клима уред со три зони специфичен за e-tron, како и топлинска пумпа. Поради зголемената моќност, дополнителни 40 килограми изнесуваат мерките имплементирани на сопирачките, оските и каросеријата. Во релативно лесната тежина на празно возило на Audi Q7 e-tron quattro одлучувачки удел има каросеријата. Со многуте нејзини компоненти од топло-обликуван челик и алуминиум, таа ги применува истите потенцијали за лесна конструкција како и конвенционалниот Q7. Коефициентот на отпор изнесува 0,34.