-
Пребарај
ЕДНА ОД СИЛНИТЕ СТРАНИ НА QUATTRO:
ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА ВИСТИНСКИОТ МОМЕНТ.
Подготвен за скоро секој терен, а и за предизвиците што ги носи иднината: погонот на сите тркала quattro со ултра технологија. Кај сите мотори со четири цилиндри со погон на сите тркала, интелигентната оперативна стратегија овозможува Вашиот Q5 да биде ефикасен, динамичен и безбеден - при вообичаена тракција.
Доколку немате потреба од quattro, тој се исклучува и му помага на возачот да заштеди гориво. Секако погонот на сите тркала останува постојано достапен. Доколку за возната ситуација е потребен quattro, тој е веднаш подготвен. Тој воодушевува со извонредната распределба на силата при многу различни услови на патот. Варијантите со шест цилиндри на Audi Q5 се опремени со постојан погон на сите тркала quattro.
ЌЕ ПРИДУШИ СÈ, САМО НЕ ВООДУШЕВУВАЊЕТО.
Опционално достапната адаптивна воздушна амортизација ги приспособува силите на амортизација на секое поединечно тркало на возната ситуација, зависно од теренот, личниот стил на возење и избраниот Audi drive select режим. Со висок степен на прецизност и во рок од неколку милисекунди. Со различните произволно избирливи нивоа на висина, нема да почувствувате скоро ниедна нерамнина. Регулирањето на амортизацијата постојано ја балансира и дополнителната тежина.
Со цел комфорно товарање, каросеријата може да се спушти за до 55 милиметри преку копче во багажниот простор. А со Audi drive select освен тоа може да се модифицира и карактерот на возилото: ефикасен, комфорен или динамичен. Но, секогаш сосема индивидуален.
НЕ ШТЕДИ СИЛА, НО ПОМАГА ВО ЗАШТЕДАТА НА ГОРИВО.
Audi Q5 се нуди со пет силни и ефикасни мотори, четири TDI и еден TFSI. Тие имаат моќност поголема за до 20 kW (27 КС), а потрошувачката на гориво пак е значително намалена. Особено 2.0 TDI моторите во новиот Q5 со 110 kW (150 КС), 120 kW (163 КС) и 140 kW (190 КС) се високо ефикасни.
Двата одлични видови мотори ги комбинираат моќноста и ефикасноста. Развиениот
2.0 TFSI има 185 kW (252 КС), а на 100 километри се задоволува со само 6,8 литри бензин, што е еквивалент на емисија на CO2 од 154 грама на километар. Исто така во голем степен преработениот 3.0 TDI нуди 210 kW (286 КС) и 620 Nm вртежен момент.
Целиот погонски систем на Audi Q5 беше целосно одново развиен - тоа важи и за рачниот менувач со шест степени, S tronic со седум степени и tiptronic со осум степени (само кај 3.0 TDI). Автоматските менувачи имаат функција за штедливо возење во неутрален степен. Со нив се управува со рачка или весло за менување степени на управувачот, во двата случаи, преносот на сигналот се врши електронски.