-
Пребарај
СЕКОГАШ ПОДГОТВЕН. НОВИОТ AUDI Q5.
Не оставајте ништо на случајноста. Без разлика дали се работи за комфор, стил или динамика: Audi Q5 воодушевува уште од првиот момент. Неговиот настап е толку впечатлив, неговиот погон е толку моќен, неговите технологии толку модерни. А неговите можности се толку сестрани. Секој ден во нов поход - со Audi Q5.
AUDI Q5 МУЛТИМЕДИСКА ГАЛЕРИЈА
ИСТАКНАТИ ДЕТАЛИ ЗА Q5
СОЗДАДЕН ЗА ДВИЖЕЊЕ.
Секој детаљ на Audi Q5 е оформен во карактеристичниот Q-дизајн и ги сплотува динамиката и самоувереноста. Тоа го потенцираат маркантниот капак од просторот на моторот, благо опаѓачките линии на покривот, задните ретровизори на рамената и тесната линија на прозорците.
СÈ ВИ Е ПРЕД ОЧИ
Со опционалниот Audi виртуелен кокпит, напредокот станува очигледен. Целосно дигиталната инструментна табла со дисплејот со висока резолуција и димензија од 12,3 инчи нуди многу информации релевантни за возачот. Од брзината, преку навигацијата, па сè до комуникацијата - имате голем избор на можности за приказ. Големиот тенок дисплеј во боја од 8,3 инчи на опционално достапната ММИ Навигација плус ја потенцира прегледноста и едноставниот принцип на користење.
AUDI MATRIX LED ФАРОВИ
Audi Q5 оддалеку воодушевува со опционално достапните Audi Matrix LED фарови. Дистинктивни LED светла за дневно возење. Динамични трепкачи коишто не може да не се забележат. Незаменлива камера, којашто во рамки на системските граници ги препознава возилата пред Вас и возилата што доаѓаат од спротивната страна. Фаровите во секунда се приспособуваат на ситуацијата и овозможуваат оптимална видливост.
ПОГОН И ШАСИЈА
Подготвен е за скоро секој терен, а подготвен е и за предизвиците што ги носи иднината: откријте го погонот на сите тркала quattro, којшто во моделите со четири цилиндри ги поврзува ефикасноста и безбедноста благодарение на новата ултра технологија. Опционално достапната адаптивна воздушна амортизација истовремено ги приспособува амортизациите на секое поединечно тркало на теренот и на стилот на возење.
ВНАТРЕШНИОТ ПРОСТОР НА AUDI Q5
Внатрешниот простор на новиот Audi Q5 е насочен кон потребите на возачот и благодарение на поголемото меѓуоскино растојание нуди многу простор за индивидуалност. Од висококвалитетните материјали како што е опционалната кожа Feinnappa, преку изразените бои, па сè до осветлувањето, многу детали може произволно да се одберат. Опционално достапниот пакет за амбиентално светло во темнина нуди светло во 30 различни бои коишто може индивидуално да се изберат. Дури и декоративните лајсни во контролната табла се осветлени.